Вести

30. Ноември 2017.
.

Благодарница за успешната соработка

По повод 40 годишнината од основањето на Факултетот за безбедност - Скопје, Фондацијата Конрад Аденауер, ја прими плакетата за досегашната успешна соработка помеѓу двете институции.

20. Септември 2017.

Програма за стипендирање на КАС

Повик за апликации за стипендија

Фондацијата Конрад Аденауер со задоволство ја најавува можноста за доделување стипендии наменети за поддршка на студенти запишани на пост-дипломски студии во Република Македонија. Рокот за аплицирање е 8 октомври 2017 година. За дополнителни информации Ве молиме да ја контактирате канцеларијата на Фондацијата во Скопје повеќе…

6. Септември 2017.
.

КАС започна со набљудување на планот 3-6-9

КАС во соработка со "Институтот за демократија „Социетас цивилис“ го објавија почетокот на проектот „ Набљудување на напредокот во пристапните реформи на Македонија кон Европската Унија“ Aктивностите од проектот ќе вклучуваат набљудување на тоа како се спроведува реформскиот процес во земјата. Од истражувањето ќе произлезат извештаи кои ќе бидат презентирани на јавноста откако Владата ќе ги објави своите извештаи за спроведените реформи.

6. Септември 2017.

Македонскиот министер за надворешни работи на гости во фондацијата Конрад Аденауер

На 06 септември заменик генералниот секретар на фондацијата Конрад Аденауер д-р Герхард Валерс оствари билатерална средба со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој беше придружуван од висока делегација на соработници од министерството. повеќе…

4. Aприл 2017.

ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ

Здружение на правници на Република Македонија во соработка со Фондација Конрад Аденауер и НВО Атина - Србија во рамки на проектот “Градиме заедно: мониторинг и застапување во локалните заедници" објавува повик за еден национален експерт повеќе…

27. Февруари 2017.
/

Прва работна средба

Новиот ЕУ проект започна со имплементација

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со НВО Атина од Белград и Здружението на правници на Македонија официјално започнаа со имплементација на новиот ЕУ проект “Building Together-Community Monitoring and Advocacy“. Првата активност на проектот беше Работната средба помеѓу партнерите која се одржа во Белград, Србија од 13 до 17 февруари каде што беа дискутирани буџетот и рамката за активностите.

21. Февруари 2017.

Програма за стипендирање на КАС

Повик за апликации за стипендија

Фондацијата Конрад Аденауер со задоволство ја најавува можноста за доделување стипендии наменети за поддршка на студенти запишани на пост-дипломски студии во Република Македонија. Рокот за аплицирање е 15 март 2017 година. За дополнителни информации Ве молиме да ја контактирате канцеларијата на Фондацијата во Скопје. повеќе…

23. Декември 2016.

Извештај за земјата

Народот одлучи

На 11 декември 2016 во Македонија се одржаа осмите по ред парламентарни избори од своето осамостојувањето во 1991. Тесниот резултат не можеше да се предвиди. Оттогаш владее хаос. повеќе…

25. Ноември 2016.

Meѓународна конференција

„Климатски промени и зелена економија - како да се прилагоди образовниот систем?“

Фондацијата Конрад Аденауер заедно со Центарот за Европски Студии Вилфред Мартeнс од Брисел и Еколошката организација „Гоу Грин-Скопје“ ја организираа меѓународната конференција на тема „Климатски промени и зелена економија - како да се прилагоди образовниот систем?“. повеќе…

14. Ноември 2016.

Посета на младинската организација на партијата ЦСУ од регионот Горна Франконија во Баварија, СР Германија

Фондацијата Конрад Аденауер беше домаќин на младинската организација на партијата ЦСУ од регионот Горна Франконија во Баварија, СР Германија. повеќе…