Програма за поддршка на медиумите во Jугоисточна Европа
Покраj тоа што во меѓувреме сите држави од Jугоисточна Европа, односно државите од поранешна Jугославиjа, Романиjа и Бугариjа, постигнаа значителен напредок во своjот развоj, тие се уште се наоѓаат во процес на политичка и економска трансформациjа. Заедничкото за сите нив е недостатокот во развоjот на областа на медиумите. Од овие причини фондациjата “Конрад Аденауер” започна со “Програма за поддршка на медиумите во Jугоисточна Европа” во рамките на поддршката на демократските процеси. Во jануари 2007 во Софиjа се отвори регионална канцелариjа, коjа ке ги координира проектите од областа на медиумите.
Основните цели на програмата се поддршка и понатамошно развивање на медиумите во нивната улога како фактор на демократизациjа на општеството. Приоритетна задача е подобрување на нивната општествено-политичка и информативна функциjа. Врз основа на овие претпоставки програмата ги има следните следниве конкретни цели:
- Зголемување на етичките стандарди во известувањето.
- Обезбедување на соодветна обуказа новинари со цел поквалитетно пренесување на информациите. Тоа се однесува главно за областите политика, економиjа, европска интеграциjа, правосудство и меѓуетничко разбирање.
- Заjакнување на размената на практично искуство меѓу претставниците на медиумите од државите во регионот, како и со Германиjа.
- Поттикнување на медиумски истражувања како научни дисциплини.
- Поддршка на политичката комуникациjа меѓу партиите кои ги признаваат демократските принципи, со цел да се подобри пренесувањето на содржински информации и нивно соодветно разбирање.
За да ги постигнеме овие цели, ние поддржуваме инициjативи, посветени на зголемувањето на новинарската квалификациjа, соработуваме со прес-совети и новинарски организации и организираме семинари. Семинарите и обуките не се ограничуваат во рамките на една држава туку се од регионален карактер. За да бидеме поконкретни и да покажеме практичен пример, ќе се осврнеме подетално на семинарите како еден аспект од нашата деjност. Некои од темите, кои што се разгледуваат на нив, се:
- Медиумска политика после промените во 1989: Каков е развоjот во последните години и како може да се опише сегашната ситуациjа? Каков е односот кон минатото (особено од перспективата на двоjната пракса на Германиjа за совладување на национал-социjалистичката и комунистичката диктатура)
- Контролни функции на медиумите: До коjа мера законската основа jа гарантира слободата на новинарството? Колку е “европеизирано” медиумското законодавство? Постои ли организирано тело за застапување на интересите на новинарите?
- Политичко влиjание на државните / општествени и приватни печатени и аудиовизуални медиуми: Како се развиваат односите меѓу владата и медиумите? Какви можности постоjат за ограничување на политичкото влиjание врз медиумите? До коj степен функциите на медиумите се прифатени од државата? До коj степен се гарантира пристапот на новинарите до општествена информациjа?
- Економско влиjание на државните / опщтествени и приватни печатни и аудиовизуални медиуми: Како се развива медиумската економиjа во пазарни услови? До коjа мера функционира приватизациjата на медиумите? Каква улога играат странските инвеститори во медиумите? Какви се последиците од концентрациjа на медиумите за издавачката разновидност?
- Принципи на медиумската етика: Во какви услови може да се развива одговорно, критично и независно новинарство? Со какви конфликти на интереси се судираат новинарите во секоjдневието?
- Постоjат ли регионални проекти во областа на новинарството и комуникациjата?