Event Reports

„ДИГИТАЛНА ЕВРОПА: МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ ЗА НАПРЕДОК”

Демократската заедница на Европа, домаќин во Скопје

Интернационалната чадор организација на младинските ограноци на демохристијански, конзервативни истомисленички партии во Европа (Демократската младинска заедница на Европа DEMYC) во соработка со Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер и Вилфред Мартенс Центарот за Европски студии од 7ми до 10ти април во Скопје беше домаќин на настанот со наслов „Дигитална Европа: Младински политики за напредок’’.

Над 35 претставници од младинските организации на политички партии од различни земји зедоа учество на настанот и активно учествуваа со свои мислења и идеи за постојните предизвици на младите во Европа и придонесот на идните млади лидери во промените кои претстојат.

Во фокусот на форумот беа прашања како што се стабилноста на економиите во 21виот век; улогата на политичките партии и креирањето на работни места во дигиталната ера како и современата европска политичка култура.

Идните лидери кои наскоро ќе бидат дел од процесот на одлучување во своите земји ја истакнаа својата подготвеност да одговорат на општествените предизвици со кои младите во Европа се соочуваат во своите татковини. Токму овој семинар послужи како платформа за споделување на искуствата, идеите и можни решенија во рамки на своите држави, како и на супранационално ниво.