Asset Publisher

Einzeltitel

Повик за изработка на хумористични цртежи/стрипови

Ни претставува задоволство да го објавиме повикот за изработка на хумористични цртежи/стрипови! Повикот е наменет за млади уметници кои имаат идеја да ги претстават предизвиците со кои се соочува животната средина на хумористичен начин.

Asset Publisher

Нашата цел е да ја подигнеме свеста за важност на животната средина и да ја промовираме нејзината одржливост.

Можните апликанти за натпреварот треба да имаат интересирање и познавање од областа на животната средина.

Темите кои можат да се опфатат се: Отпад/рециклирање/енергија/загадување/природни ресурси/одржливост.

Услови за аплицирање: Форматот и должината треба да бидат во сразмерност со цртежите во класичните весници и можат да бидат во форма на единствена илустрација или кратка серија на слики. Сите текстови во цртежите треба да бидат на англиски јазик (ние можеме да помогнеме при преводите). Ве молиме вашето име да биде на цртежите/стриповите на сите страни. Еден апликант може да испрати максимум 5 цртежи/стрипови, рачно нацртани или во електронски формат.

Сите материјали мора да бидат поднесени во електронска верзија на следната e-mail адреса - Skopje@kas.de, или лично во канцеларијата на КАС.

Победничките цртежи/стрипови ќе бидат објавени на веб-страната на КАС. Правото на објавување на материјалите ќе биде во сопственост на КАС.

Предвидена е награда од 200 евра за секое дело кое ќе биде објавено.

За повеќе информации, слободно контактирајте ја канцеларијата на КАС.

Во исчекување сме на вашите идеи.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Bestellinformationen

Herausgeber

Konrad-Adenauer-Stiftung e.V.

erscheinungsort

Macedonia Macedonia