Einzeltitel

Даниел Браун е новиот директор на КАС во Северна Македонија

На 12 јануари, новиот директор на КАС во Скопје, Даниел Браун пристигна во земјата. Примопредавањето на канцеларијата се одржа во присуство на в.д. директорот Норберт Бекман-Диркес.

Браун и Бекман-Диркес исто така одржаа работна средба со лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски. На средбата беше заклучено дека соработката помеѓу КАС и ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на високо ниво и ќе продолжи да се продлабочува. Главен акцент на средбата беа идните проекти насочени кон јакнење на капацитетите на партијата.

Соговорниците ја потврдија ЕУ перспективата на земјата како примарна цел.

На почеток