Einzeltitel

МУЛТИРЕЛИГИСКИ КАЛЕНДАР 2021

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со петте верски заедници во Република Северна Македонија го објавува Мултирелигискиот Календар 2021.

Календарот ги вклучува позначајните верски празници од секоја од петте верски заедници: Македонската Православна Црква, Исламската Верска Заедница, Католичката Црква, Евангелско-методистичката Црква и Еврејската Заедница.

Овој календар традиционално се издава од страна на фондацијата Конрад Аденауер во блиска соработка со петте верски заедници од 2011 година.

Оваа година календарот има нов дизајн и е збогатен со фотографии од верски објекти од регионот на Охрид и Струга како и типични верски пораки со објаснувања за значењето, традицијата и празнувањето на одредени верски празници.

 

На почеток