Einzeltitel
This portlet should not exist anymore
Публикацијата претставува сложен научен труд кој се темели на широко разработена теориска рамка на истражување на безбедносните концепти поткрепена со систематско собирање на факти и последователна нивна анализа кои се употребени во презентацијата и развојот на безбедносните концепти.
Во универзитетскиот учебник се нагласува дека безбедноста е комплексен феномен и, во суштина не само поради неговата недостижна природа и содржина со оглед на времето и местото во кое се дискутира за него, туку, исто така, поради фактот што дискусијата за безбедноста е неизбежно поврзана со други категории: страв (за физички опстанок), отсуство на структурно насилство, мир, благосостојба и стабилност. Како политичка концепција, безбедноста очигледно е предуслов за постоење на живот - индивидуален и социетален и се однесува на отсуство од закани и заштита од нив. Сфаќањето на безбедноста како вроден интерес на секоја индивидуа и на пошироките човечки колективитети - фамилија, општество, нација, држава, меѓународен систем, укажува на потребата од проширување на концептот на безбедноста кон овие колективитети. Оттука, во теоријата се обликуваат концепти како национална и меѓународна безбедност и, во поново време, индивидуална, социетална и глобална безбедност, што укажува на значајно ширење на нови димензии на безбедноста се наведува меѓу другото книгата.
Во книгата која ќе се изучува на студиите по безбедност, криминалистика и криминологија на Факултетот за безбедност-Скопје на прв, втор и трет циклус на студии се наведува дека проблемот на националната безбедност треба да се сфати како системски безбедносен проблем во којшто и индивидуите и државите и меѓународниот систем имаат своја дел, и во кој што економските,социјалните и факторите од сферата на животната средина, подеднакво се значајни како политичките и воените.