Asset Publisher

Einzeltitel

We are hiring

Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје има потреба од технички асистент/курир/возач

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) е германска политичка фондација која имплементира многубројни проекти со цел јакнење на демократијата, поддршка на цивилното општество и дијалог, превенција на конфликти како и унапредување на доброто владеење. Канцеларијата на КАС во Скопје има потреба од 01.09.2021 од технички асистент/курир/возач.

Asset Publisher

Главни одговорности:

  • Техничка и организациска подготовка на семинари/конференции
  • Транспорт на материјали и технички помошни средства
  • Превоз на лица во земјата и регионот
  • Доставување на документи, публикации, пошта
  • Одржување, регистрација на службеното моторно возило
  • Набавка на канцелариски материјал
  • Помали поправки во канцеларискиот простор и контакт со мајстори
  • Тековно одржување на градината и системот за греење, контакт со сервис

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате

  • Возачка дозвола Б категорија
  • Возачко искуство од минимум 10 години  
  • Добри познавања на говорен и пишан англиски и/или германски
  • Способност за независно работење, ефикасно решавање на предизвици, тимски пристап
  • Потребно е основно познавање на MS Office пакет
  • Подготвеност за подолгоречен ангажман во тимот

Ние нудиме:

  • Сигурна работа со договор
  • Работење во мал тим
  • Интересни можности за запознавање на меѓународната работа на Фондацијата Конрад Аденауер

Како да аплицирате

 

Испратете ја вашата апликација CV (кратка биографија на македонски јазик со фотографија, препораки од други работодавачи) преку електронска пошта на: skopje@kas.de најдоцна до  08.08.2021.

 

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher