Asset Publisher

Публикации

Asset Publisher

Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската унија (2014-2019)

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за демократија Социетас Цивилис од Скопје го промовираа истражувањето “Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската унија (2014-2019)” на авторот Иван Дамјановски.

Што сега? Неизвесноста на пристапувањето на Северна Мaкедонија кон ЕУ во 2019 година

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за демократија Социетас Цивилис од Скопје го промовираа истражувањето “Што сега? Неизвесноста на пристапувањето на Северна Мaкедонија кон ЕУ во 2019 година” на авторите Иван Николовски и Мари Јеленка Кирхнер.

Политичка мисла бр.58

Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија „Социетас Цивилис„ ви го претставуваат 58-тото издание на списанието Политичка мисла.

Верските права и слободи и Европските перспективи

Фондацијата „Конрад Аденауер“ во соработка со Институтот за политички истражувања – Скопје и интернет порталот „Религија.мк“ го продолжуваат проектот за следење на перцепцијата на граѓаните за религијата и нејзината улога во мултиконфесионалните општества.

Местото на Република Северна Македонија во кинеската стратегија за Западен Балкан

Постои ли кинеска стратегија за Западен Балкан?

Публикација на Ана Крстиновска

Парламентарно право

Учебникот „Парламентарно право“ е колективен и сеопфатен труд на проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска и на проф. д-р Александар Спасеновски, сите професори на катедрата по Уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основната намера да се напише ова дело произлезе, пред сè, од потребите на студентите што студираат на правните студии, на политичките студии, на студиите по новинарство, како и на студиите по односи со јавноста, организирани како студии од прв циклус, а, секако, и на студентите од вториот циклус, мастер студиите на насоката уставно право и политички систем и мастер студиите по политички науки. Истовремено, со оглед на целите на секој универзитетски учебник, веруваме дека ова дело ќе им биде од полза и на сите заинтересирани субјекти надвор од универзитетите кои се занимаваат или се интересираат за оваа значајна проблематика.

МУЛТИРЕЛИГИСКИ КАЛЕНДАР 2020

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со петте верски заедници во Република Северна Македонија го објавува Мултирелигискиот Календар 2020.

Политичка мисла бр.57

Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија „Социетас Цивилис„ ви го претставуваат 57-тото издание на списанието Политичка мисла.

III. Македонско-германски форум: Собранието треба да има клучна улога во преговорите со ЕУ

Не добивањето на датум за преговори со Европската Унија е разочарување и за граѓаните на Северна Македонија и за многумина во Европа, но тоа не треба да ја обесхрабри државата туку напротив треба да ја поттикне да продолжи со реформите и со тоа да ги разубеди оние кои што се скептични. Во преговарачкиот процес клучна улога треба да има Собранието кое треба да има контрола над процесот. Ова беше заклучокот на III Македонско-германски форум: „Перспективите за проширување по Европскиот совет? Улогата на Собранието во пристапниот процес на Северна Македонија и релациите со Европскиот парламент" кој се одржа на 01 ноември 2019 во Хотел Хилтон во Скопје.

Религиски, Морални и Етички вредности кај Младите

Фондацијата „Конрад Аденауер“ во соработка со Институтот за политички истражувања – Скопје и интернет порталот „Религија.мк“ го продолжуваат проектот за следење на перцепцијата на граѓаните за религијата и нејзината улога во мултиконфесионалните општества.