Публикации

Новата реалност во училиштата - создавање можности со иновации и дигитални решенија

На 17. декември се одржа семинар на тема “Новата реалност во училиштата – создавање можности со иновации и дигитални решенија” наменета за професори по предметот Етика во религиите.

Младинска политичка академија

Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина

КАС во соработка со Унијата на Млади Сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ и Европските Демократски Студенти (ЕДС) од 01 до 04 декември во Скопје ja организираа Младинската политичка академија на тема „Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина“.

Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија

Панел дискусија и промоција на истражување

На 1 декември 2022 ЕСТИМА и Фондацијата Конрад Аденауер организираа панел дискусија за промоција на истражувањето на тема Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија.

Ставови и перцепции за војната во Украина

Aнализа и истражување на јавното мислење

Антиципирајќи ја рефлексијата на руската воена агресија во Украина врз вкупните безбедносни, политички и економски состојби, Фондацијата Конрад Аденауер ја издаде публикацијата: „Ставови и перцепции за војната во Украина (Aнализа и истражување на јавното мислење)“.

Државна посета на германскиот сојузен претседател Франк-Валтер Штајнмајер

Средба со млади политички и општествено активни луѓе

Во рамки на својата дводневната државна посета, германскиот сојузен претседател Франк-Валтер Штајнмајер заедно со македонскиот претседател Стево Пендаровски ја посети и Претседателската школа за политики, која е поддржана од фондацијата Конрад Аденауер и други партнери во земјата. За време на средбата двајцата претседатели имаа можност да разменат мислења со млади луѓе кои се политички и општествено активни. Во оваа прилика официјалниот претставник на фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија, Даниел Браун, се сретна со претседателот на СР Германија Штајнмајер.

Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ” во Северна Македонија

Истражување

Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА објавија анализата на тема “Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ” во Северна Македонија”, во авторство на д-р Ана Крстиновска.

Социјалната одговорност на верските заедници во мулти-религиски општества

Фондацијата Конрад Аденауер, Институтот за политички истражувања-Скопје „ИПИС“ и порталот „Религија.мк“, продолжија со проектот за следење на перцепцијата на граѓаните за религијата и нејзината улога во мулти-конфесионалните општества. Во прилог е кратка анализа и електронската верзија од публикацијата.

Декарбонизација на економијата на Северна Македонија

Фондацијата Конрад Аденауер, Вилфред Мартенс Институтот за Европски студии и Институтот за демократија ја претставуваат анализата на тема: „Декарбонизација на економијата на Северна Македонија„.

6. Mакедонско-Германски форум

Европската економија под притисок по руската инвазија во Украина

На 02.11.2022 Фондацијата Конрад Аденауер заедно со Делегацијата на германското стопанство и Институтот за демократија беа домаќини на 6. Македонско-Германскиот форум на тема: „Европската економија под притисок по руската инвазија во Украина“. Најновите случувања во Европа доведоа до серозни нарушувања во стопанството, корона кризата беше првиот удар за стопанството во Европа, вториот удар е војната во Украина која сериозно го наруши европскиот синџир на снабдување, санкциите кон Русија и енормните цени на гас и нафта, се последниот удар со кои се бори индустријата.

Политичка академија 2022

Стратегија и визија во време на криза

Од 28 до 30 октомври, КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организираше уште една од серијата политички академии, овој пат наменета за највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ на тема: „Стратегија и визија во време на криза“. Овогодишната Политичка академија опфати стручни презентации и работилници предводени од бројни домашни експерти, меѓународни претставници, актуелни и поранешни политичари и теоретичари во врска со раководењето на процеси во време на кризи – од сите аспекти кои се актуелни во моментот.