Публикации

КОРИСТЕЊЕТО НА РЕЛИГИЈАТА ВО ПОЛИТИЧКИТЕ КАМПАЊИ

ИСТРАЖУВАЊЕ

На 18 декември во Скопје, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за политички истражувања и порталот Религија.мк го промовираа истражувањето за застапеноста на религијата во политичките кампањи.

МЕЃУРЕЛИГИСКИ ЧАС

На 18 декември се одржа вториот меѓурелигиски час помеѓу студентите од факултетите за богословија и за исламски науки на тема “Користењето на религијата во политичките кампањи”

МУЛТИРЕЛИГИСКИ КАЛЕНДАР 2018

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со петте верски заедници во Република Македонија го објавува Мултирелигискиот Календар 2018, вклучувајќи ги позначајните верски празници од секоја од петте верски заедници: Македонската Православна Црква, Исламската Верска Заедница, Католичката Црква, Евангелско-методистичката Црква и Еврејската Заедница. Овој календар традиционално се издава од страна на фондацијата Конрад Аденауер во блиска соработка со петте верски заедници од 2011 година.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 25 ГОДИНИ МАКЕДОНСКО-ГЕРМАНСКА СОРАБОТКА

На 6 декември 2017 година под покровителство на Германската амбасада во Скопје се организираше специјалниот настан по повод 25 годишнината од успешната соработка помеѓу Македонија и Германија.

ПОЛИТИКА И РЕТОРИКА

Публикацијата “Политика и реторика” е заеднички труд на доц. Д-р Александар Спасеновски и Д-р Јован Андоновски кое настојува понатаму да го разјасни односот политика– реторика, разработувајќи го истиот во еден општ(теоретски) контекст, но и во конкретна (практична) смисла преку примерот со Република Македонија (РМ).

МЕЃУРЕЛИГИСКИ ЧАС

Поттикнување на дијалог и соработка

На 27 ноември во Скопје, се одржа Меѓурелигискиот час за втората генерација студенти по теологија од Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки.

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА УЧЕНИЧКОТО УЧЕСТВО ВО ПРОЦЕСОТ НА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ

КОНФЕРЕНЦИЈА

Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението LEAD на 20.11.2017 година ја организираа конференцијата за зајакнување на ученичкото учество во процесот на донесување на одлуки во средните училишта во Македонија.

ЈАКНЕЊЕ ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА ВО СФЕРАТА НА УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИ

СЕМИНАР

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Машинскиот Факулет-Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје и Градежниот Факултет при Универзитетот Аристотелис од Солун организираа студентска размена во Дојран од 16-18 ноември.

KAS SCHOLAR INITIATIVE

Со целосна поддршка во процесот на планирање и реализирање, стипендистите на КАС организираа семинар со наслов “Economy-Education-Employment” кој се одржа од 9 до 12 ноември во Пеќ, Косово.

ПОЛИТИЧКА МИСЛА Бр.53

Институтот за демократија Социетас Цивилис и фондацијата Конрад Аденауер во Република Македонија ви го претставуваат 53-тото издание на списанието Политичка мисла.