Asset Publisher

Публикации

Asset Publisher

Политички партии и интересовни групи

Уште од отворањето на претставништвото на Фондацијата Конрад Аденауер во 2000 година, беа реализирани значаен број на активности кои имаат за цел да придонесат кон понатамошно подобрување на вкупните прилики во Република Македонија. Во таа смисла, соработката со академската заедница претставува посебен императив за нас, при што поддршката во издавањето на овој учебник претставува уште еден логичен чекор во оваа насока. Се надеваме дека овој учебник ќе ги збогати знаењата не само на студентите, академците од високообразовните институции во државата, туку и на сите други добронамерници.

Промовиран прирачникот за спречување на корупција во локалната администрација.

Фондацијата Конрад Аденауер и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација подготвија Прирачник за спречување на корупцијата во локалната администрација кој беше промовиран на 19.04.2017 година во јавноста.

ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ

Здружение на правници на Република Македонија во соработка со Фондација Конрад Аденауер и НВО Атина - Србија во рамки на проектот “Градиме заедно: мониторинг и застапување во локалните заедници" објавува повик за еден национален експерт

Европската унија 60 години од потпишувањето на Римскиот договор: Дали Македонија оди кон Европа?

По повод 60 годишнината од потпишувањето на Римскиот договор, Европското движење на Р. Македонија во соработка со фондацијата Конрад Аденауер ја организираа панел дискусијата која го отвори прашањето: Дали Македонија е на вистинскиот пат?

Регионална Зимска школа за безбедност 2016

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Факултетот за безбедност-Скопје и Центарот за истражување и креирање политики ја организираа регионалната Зимска школа за безбедност 2017. Овој проект беше исто така поддржан и од нашиот партнер „Вилфред Мартенс“ Центарот за европски студии од Брисел.

Се оддржа вториот Меѓурелигиски час помеѓу студентите од факултетите за богословија и за исламски науки

На 14.03.2017 година во х. Мериот во Скопје се одржа вториот Меѓурелигиски час на тема: Перцепциите на граѓаните за религијата и нејзината улога во мултиконфесионалните општества.

Промоција на истражување на јавното мислење за ЕУ

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ на ден 17.02.2017 одржаа прес конференција на која беа промовирани извештаи од две истражувања на јавното мислење

Саморегулација како основен предуслов за слободни медиуми

Од 2 до 4 март во хотелот Сириус во Струмица се одржа работилница за саморегулација како основен предуслов за слободни медиуми

ЕТИЧКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО МЕДИУМИТЕ

Етичкото известување во медиумите е во авторство на Марина Тунева и Филјана Кока. Публикацијата е издадена од фондација Конрад Аденауер и Здружението на новинари на Македонија.

Прирачник за парламентарни избори во Република Македонија 2016 година

Второ дополнето издание

Фондацијата Конрад Аденауер го објави најновото издание на Прирачникот за парламентарни избори во Република Македонија 2016 година. Прирачникот претставува заеднички проект на КАС и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС)