Asset Publisher

Публикации

Asset Publisher

„Перцепцијата на граѓаните за религијата и нејзината улога во мултиконфесионалните општества“

истражување

Со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Институтот за политички истражувања од Скопје и веб порталот Религија.мк подготвија истражување на тема „Перцепцијата на граѓаните за религијата и нејзината улога во мултиконфесионалните општества“. Студијата е изработена од страна на доц.д-р Владимир Божиновски и Марјан Николовски.

Мултирелигиски Календар 2017

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со петте верски заедници во Република Македонија го објавува Мултирелигискиот Календар 2017, вклучувајќи ги позначајните верски празници од секоја од петте верски заедници: Македонската Православна Црква, Исламската Верска Заедница, Католичката Црква, Евангелско-методистичката Црква и Еврејската Заедница. Овој календар традиционално се издава од страна на фондацијата Конрад Аденауер во блиска соработка со петте верски заедници од 2011 година.

Народот одлучи

Најфер и најслободни избори во историјата на Македонија

На 11 декември 2016 во Македонија се одржаа осмите по ред парламентарни избори од своето осамостојувањето во 1991. Тесниот резултат не можеше да се предвиди. Оттогаш владее хаос.

„Климатски промени и зелена економија - како да се прилагоди образовниот систем?“

Meѓународна конференција

Фондацијата Конрад Аденауер заедно со Центарот за Европски Студии Вилфред Мартeнс од Брисел и Еколошката организација „Гоу Грин-Скопје“ ја организираа меѓународната конференција на тема „Климатски промени и зелена економија - како да се прилагоди образовниот систем?“.

Новинарски прирачник за следење на избори

етички и правни аспекти

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Здружението на Новинари на Македонија (ЗНМ) го објави второто, дополнето издание на Новинарскиот прирачник за следење на избори.

Посета на младинската организација на партијата ЦСУ од регионот Горна Франконија во Баварија, СР Германија

Фондацијата Конрад Аденауер беше домаќин на младинската организација на партијата ЦСУ од регионот Горна Франконија во Баварија, СР Германија.

Посета на Торстен Фрај на Македонија

На покана на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје, посета на Република Македонија оствари пратеникот од германскиот Бундестаг од партијата ЦДУ, г-дин Торстен Фрај.

Средба со пратеници од германскиот Бундестаг

Г-дин Јоханес Д. Раи оствари средба со двајца пратеници од германскиот Бундестаг, г-дин Јурген Климке и г-дин Алоис Карл, кои учествуваа на есенскиот состанок на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Скопје.

Посета на Флоријан Фајерабенд

Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија беше домаќин на Координаторот за Западен Балкан и Југоисточна Европа во Фондацијата, г-дин Флоријан Фајерабенд.

„Религија, Етницитет, Национализам“

регионална летна школа

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Универзитетот „Евро – Балкан“ од Скопје и Вилфрид Мартенс Центарот за европски студии ја организираа третата летна школа „Религија, Етницитет, Национализам“ што се одвиваше во периодот меѓу 12ти и 16ти Септември во Струга.