Asset Publisher

Публикации

Asset Publisher

НајГЛАСни! - годишна награда за средношколско учество

Фондацијата Конрад-Аденауер заедно со ЛЕАД по втор пат го организираа настанот „НајГЛАСни!“, кој се одржа од 09.05.2023 до 11.05.2023 година. Во финалето учествуваа шест од најпосветените ученички заедници во земјава, избрани од повеќе училишни заедници кои се пријавија на отворениот повик.

Создавање европска Oпштина Ново Село: Политика на интегритет за нула корупција

Студија за интегритет и Прирачник за интегритет

На крајот од 2022 година Фондацијата Конрад Аденауер и Правниот факултет „Јустинијан Први“ ја иницираа новата фаза од проектот „Создавање европска општина: Политика на интегритет за нула корупција“. Во првата фаза од овој проект беше селектирана Општина Аеродром. Додека во втората фаза се селектирани општините Ново Село и Гевгелија.

Создавање европска општина Гевгелија: Политика на интегритет за нула корупција

Студија за интегритет и Прирачник за интегритет

На крајот од 2022 година Фондацијата Конрад Аденауер и Правниот факултет „Јустинијан Први“ ја иницираа новата фаза од проектот „Создавање европска општина: Политика на интегритет за нула корупција“. Во првата фаза од овој проект беше селектирана Општина Аеродром. Додека во втората фаза се селектирани општините Ново Село и Гевгелија.

Зајакнување на капацитетите на пратениците

Улогата на Собранието во време на современите демократски предизвици

Од 06 до 08 април, КАС во соработка со Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ го организираше тренинг семинарот наменет за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, насловена како „Зајакнување на капацитетите на пратениците: Улогата на Собранието во време на современите демократски предизвици“. Овој настан опфати стручни презентации и работилници предводени од бројни домашни експерти, меѓународни претставници, актуелни и поранешни политичари, експерти и теоретичари во врска со адекватното презентирање на пратениците во Собранието, комуникација со граѓаните, градење стратешки пристап кон превенција и менаџирање на современите демократски предизвици во македонското општество.

Политичка академија 2023

Лидери за иднината

Од 31 март до 02 април, КАС заедно со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ го организираа првиот модул на Политичката академија, насловен како „Лидери за иднината“. Наменет за селектирани млади учесници, овој модул опфати стручни презентации и работилници предводени од бројни домашни експерти, меѓународни претставници, актуелни и поранешни политичари, експерти и теоретичари во врска со основите на лидерството, со особен фокус на функционирањето на политичкиот систем и македонските политички процеси.

Награда за средношколско учество - НајГЛАСни!

Фондација Конрад Аденауер и Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, како активни поддржувачи и промотори на ученичкото учество низ изминатите години, ја воведуваат наградата за средношколско учество, како признание за активноста и работата на овие ученички тела во насока на унапредување на положбата на учениците во своите училишта и вклучување во училишните процеси.

Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија

Работилница

Од 02 до 04 март во Струмица се одржа дводневна работилница во организација на КАС и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со наслов „Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија“ на која учество земаа новинари од повеќе од 30 онлајн медиуми од целата земја.

Regional School Security 2023

International security challenges in times of war aggression in Europe – implications to the urban security

From the 28th of February to the 2nd of March the Konrad Adenauer Foundation in cooperation with the Wilfried Martens Centre for European Studies and the Faculty of Philosophy from Ss. Cyril and Methodius University in Skopje held the annual Regional School Security 2023 in Strumica on the topic “International security challenges in times of war aggression in Europe – implications to the urban security”.

Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2022)

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за демократија Социетас Цивилис од Скопје ви го претставуваат истражувањето “Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската унија (2014-2022)” на авторот Иван Дамјановски

Европа во криза. Последиците врз јавното мислење во Северна Македонија

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за демократија Социетас Цивилис од Скопје ви го претставуваат истражувањето “ Европа во криза. Последиците врз јавното мислење во Северна Македонија” на авторите Анамарија Велиновска и Ана Софеска.