Публикации

Прирачник за локални избори во Република Северна Македонија 2021 година

Второ дополнето издание

КАС и Институтот за демократија Социетас Цивилис од Скопје (ИДСЦС) го подготвија второто дополнето издание на Прирачникот за локални избори во Република Северна Македонија 2021 година.

МУЛТИРЕЛИГИСКИ КАЛЕНДАР 2022

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со петте верски заедници во Република Северна Македонија го објавува Мултирелигискиот Календар 2022.

Анализа на законската рамка и институционалните капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животната средина

Инспекцискиот надзор во животната средина е од посебно значење имајќи предвид дека заштитата на животната средина е загарантирано право со Уставот на Република Северна Македонија. Оваа анализа прави прецизен преглед на состојбите и предизвиците во вршењето на инспекцискиот надзор на локално ниво, кој е од посебно значење за граѓаните.

Катедра Аденауер 2021

На 14 и 17 декември, КАС во соработка со Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, Институтот за општествени истражувања – МК91 од Скопје, Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје и Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип организираа две предавања во рамките на Катедра Аденауер 2021.

Општините и успешната поддршка на стопанството

На 09.12.2021 Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) и Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во соработка со Македонско-Германското стопанско здружение ја организираа панел дискусијата на тема: Општините и успешната поддршка на стопанството. Целта на настанот беше да се понуди подиум на кој новоизбраните градоначалници ќе имаат можност да ги претстават своите приоритетни проекти пред компаниите-членки на Македонско-Германското стопанско здружение, но и да се информираат за потребите на бизнис секторот.

Верските заедници и ковид кризата

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за Политички Истражувања Скопје и Интернет порталот „Религија.мк“ ја продолжија соработката на уште една јавна анкета, која има за цел да ја отслика перцепцијата на граѓаните за улогата на верските заедници во време на Ковид-19 пандемијата.

30 години државност, Уставот-темел на иднината

Документарен филм

Документарниот филм „30 години државност, Уставот-темел на иднината“ е во ко-продукција на претставништвото на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија и на Македонската Радио Телевизија. Филмот ја одбележува 30 годишнината од донесувањето на Уставот, изгласан во Собранието на 17 ноември 1991 година, преку приказ на изградбата, предизвиците и успесите на државата.

Повик за трудови за 63. издание на списанието “Политичка мисла”

“Политичка мисла” е списание за политички и општествени теми. Меѓународниот уредувачки одбор објавува повик за трудови за 61. издание на списанието во полето на политички дијалог и култура, предизвици од областа на Европа, надворешни актери, иновација и безбедност.

Pressestelle VMRO-DPMNE

Kommunalwahlen in Nordmazedonien

Erdrutschsieg der VMRO-DPMNE

Die Lokalwahlen endeten nicht nur mit einem großen Sieg der oppositionellen VMRO-DPMNE, sondern beendete (vorerst?) die politische Karriere von Premierminister Zoran Zaev, der noch in der Wahlnacht seinen Rücktritt ankündigte

Регионална Школа 2021

Општество и Религија: Етничка припадност, Идентитет и Национализам

На 06 октомври Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии ја организираа регионалната школа “Општество и Религија: Етнички припадност, Идентитет и Национализам”.