Публикации

Религијата во Образованието

Зошто е важно?

На 12. мај 2021 г. се одржа дискусијата Религијата во Образованието – Зошто е важно?. Оваа дискусија беше организирана во дигитален формат, преку Zoom платформата, од страна на фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Асоцијацијата на професори по етика во религиите. Учество земаа триесетина учесници, професори по предметот Етика во религиите и беше добра можност да се слушнат нивните ставови околу придобивките од верското образование и статусот на самиот предмет во пресрет на најавените реформи во образованието.

Имам нешто да кажам за својата иднина

9 Мај – Денот на Европа

На 27 април 2021 година се одржа онлајн студентска дебата на тема „Имам нешто да кажам за својата иднина“ по повод 9 Мај, Денот на Европа. Овој настан беше реализиран во партнерска организација на Европското движење во Република Северна Македонија, КАС и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Со учество на 40 студенти од повеќе универзитети во земјава, оваа дебата беше добра можност да се слушне во какво општество сакаат да живеат младите.

Од следач на правила до поставувач на правила?

Променетата глобална улога на Кина и импликациите за Западен Балкан

Заедничка публикација на Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности - ЕСТИМА.

Политичките лидери на иднината - предизвиците на младите во Пост-Ковид-19 општество

Клуб на млади или Клуб за млади? Каде треба да биде фокусот?

На 16 април 2021 година, КАС во соработка со собранискиот Клуб за младински прашања и политики ја организираше онлајн дискусијата на тема „Клуб на млади или Клуб за млади? Каде треба да биде фокусот?“ која се реализираше во рамки на настанот „Политичките лидери на иднината - предизвиците на младите во Пост-Ковид-19 општество“.

Религијата во мултиконфесионални општества

вредности и убедувања

Ви ја претставуваме втората збирна анализа на пет истражувања на јавното мислење во Република Северна Македонија, што изминативе години ги спроведуваат Институтот за политички истражувањa од Скопје и специјализираниот интернет портал, прв молитвеник за информациии „Religija.mk“ во партнерство со Фондацијата „Конрад Аденауер„.

Jaime Jover / flickr / CC BY-NC-ND 2.0 / creativecommons.org/licenses/by-nc-nd/2.0

EU-Beitrittsperspektive Nordmazedoniens nach den Wahlen in Bulgarien

Wann werden die Gespräche mit Skopje weitergeführt?

Die Hoffnungen in Nordmazedonien auf eine zügige Weiterführung der Gespräche mit Sofia nach den Parlamentswahlen vom 4. April scheint sich nicht zu erfüllen. Damit sinkt auch die Wahrscheinlichkeit, dass Bulgarien seine Blockade der EU-Beitrittsverhandlungen bis zum Sommer aufheben wird.

Пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ и улогата на Европскиот парламент

На 15. април КАС и ИДСЦС ја организираа онлајн конференцијата „Пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ и улогата на Европскиот парламент”.

Конференцијата имаше за цел да поттикне дискусија за улогата и учеството на законодавните домови во процесот на приклучување кон Европската Унија, со особен осврт на Собранието на Република Северна Македонија и неговиот однос со Европскиот Парламент.

Директорот на КАС, Даниел Браун, оствари средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

На 13 април директорот на КАС, Даниел Браун оствари средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и меѓународните секретари на партијата Тимчо Муцунски и Владимир Ѓорчев

На средбата се разговараше за многу актуелни прашања со кои се соочува земјата, како состојбата со Ковид-19 пандемијата, улогата на опозицијата на Собранието и ЕУ перспективите на земјата. На средбата беше заклучено дека соработката помеѓу КАС и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на високо ниво и ќе продолжи да се продлабочува.

Религијата и заштитата на животната средина

Фондацијата „Конрад Аденауер”во соработка со Институтот за политички истражувања – Скопје и интернет порталот „Религија.мк“ го продолжуваат проектот за следење на перцепцијата на граѓаните за религијата и нејзината улога во мултиконфесионалните општества.

Трансатлантските односи за време на новата администрација на САД

Импликации врз глобалната улога на Европа и проширувањето на ЕУ

На 31 март, Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) и Институтот за општествени истражувања МК91 го организираа вебинарот „Трансатлантските односи за време на новата администрација на САД: Импликации врз глобалната улога на Европа и проширувањето на ЕУ“. На вебинарот експерти и високи претставници од политиката имаа можност да разменат мислења и да ги споделат своите очекувања во врска со развојот на настаните во оваа област. На настанот присуствуваа повеќе од 50 учесници, вклучително амбасадори, пратеници, претставници на невладини и меѓународни организации, на академската заедница, како и млади политичари, КАС стипендисти и студенти.