Настани

Derzeit sind keine Veranstaltungen geplant.

Diskussion

Натанаел Лимински во официјлна посета на Северна Македонија

30 Години македонско-германски дипломатски односи

Workshop

ausgebucht

Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија

Работилница

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) заедно со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) организираат работилница за унапредување на вештините на новинарите во контекст на дезинформации во онлајн медиумите која ќе се одржи од 02 до 04 март 2023 година во Струмица.

Diskussion

Македонската модерна центар-десница и предизвиците поврзани со животната средина

Промоција на публикација и панел дискусија

Фондацијата Конрад Аденауер организираа панел дискусија за промоција на публикацијата со наслов “Македонската модерна центар-десница и предизвиците поврзани со животната средина” во авторство на д-р Даме Димитровски, Дејан Димитриев и Радован Спиридонов.

Event

КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО ВАНЗЕ

ФИЛМ

Оваа година се навршуваат 80 години од депортацијата на Евреите од Македонија во центарот за убивање Треблинка во окупирана Полска. И Евреите од Македонија како и Евреите ширум Европа беа жртви на таканареченото конечно решение на еврејското прашање во неговата најгруба форма. Во рамки на одбележувањето на овој трагичен настан како и по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот на 27 јануари и годишнината од Конференцијата во Ванзе од 20 јануари 1942 година, го прикажуваме филмот „Конференцијата во Ванзе“ (2022) во соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Гете институтот и Еврејската заедница во Република Македонија.

Event

ausgebucht

Младинска политичка академија

Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина

КАС во соработка со Унијата на Млади Сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ и Европските Демократски Студенти (ЕДС) од 01 до 04 декември во Скопје ja организираат Младинска политичка академија на тема „Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина“.

Diskussion

Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ” во Северна Македонија

Панел дискусија и презентација на анализа

Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА ќе ја промовираат анализата на тема “Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ” во Северна Македонија”, во авторство на д-р Ана Крстиновска.

Workshop

ИГРИФИКАЦИЈА

Можност или пречка во образованието?

Додека дигиталната технологија се развива, индустријата на игри станува се поголема, а младите се повеќе ги користат истите, важно е да развиеме дискусија за тоа дали овие трендови претставуваат пречка или можат да бидат искористени како можност за раст и развој на младите.

Forum

6. Македонско-германски форум

Европската економија под притисок по руската инвазија во Украина

На 02 ноември, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Македонско-Германското стопанско здружение и Институтот за демократија "Socetas Civilis"-Скопје го организираат 6. Македонски-германски форум “Европската економија под притисок по руската инвазија во Украина”.

Seminar

ausgebucht

Политичка академија 2022

Стратегија и визија во време на криза

КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ ја организира овогодишната Политичка академија на тема „Стратегија и визија во време на криза“ со учество на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Event

Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот

Регионална конференција

Фондацијата Конрад Аденауер во заедничка соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје организира регионална конференција на тема “Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот”, која ќе се одржи на 26 октомври во Хотелот Хилтон во Скопје со почеток во 09:30 часот.

МЕЃУРЕЛИГИСКИ ЧАС

На 18 декември се одржа третиот меѓурелигиски час помеѓу студентите од факултетите за богословија и за исламски науки на тема “Значењето на светите книги во промовирање на мирот - посебен осврт кон Куранот”

МОДЕРНИ НАРОДНИ ПАРТИИ Vs ПОПУЛИСТИЧКИ ПАРТИИ

Од 20-24 март, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии организираше тренинг за тренери за активни политичари и експерти во Брисел под работен наслов Модерни народни партии Vs популистички партии.

АНАЛИЗА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРОЦЕС НА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за демократија Социетас Цивилис од Скопје го промовираа истражувањето “Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската унија” на авторот Иван Дамјановски.

ЕВРОПСКАТА УНИЈА НА РАБ НА ПОВРАТОК ВО МАКЕДОНИЈА

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за демократија Социетас Цивилис од Скопје го промовираа истражувањето "Европската Унија на раб на повраток во Македонија“ на авторите Ненад Марковиќ, Зоран Нечев и Иван Николовски.

ТРКА НА 3, 6 И 9 СО ПРЕЧКИ. КОН ЧИСТА ПРЕПОРАКА?

Набљудување на спроведувањето на вторите три месеци од Планот 3-6-9

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9. Вториот извештај кој се однесува на вторите три месеци од спроведувањето на планот, e јавно презентиран на 5 март 2018, понеделник, во ЕУ Инфо Центар.

ПОДДРШКА ЗА РЕШЕНИЕ НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО

Македонска делегација на посета кај Ханс-Герт Петеринг

На 21 февруари, Д-р Ханс-Герт Петеринг, поранешен Претседател на Фондација Конрад Аденауер и поранешен Претседател на Европскиот Парламент, ја прими македонската делегација составена од заменик претседателот на Владата Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

ЕТИЧКИТЕ НОРМИ ВО НОВИНАРСТВОТО

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Здружението на новинарите на Македонија од 8-10 февруари организираше дводневна обука на тема: „Практиката на Европскиот суд за човекови права и на Јавното обвинителство на Македонија со случаите за медиумската слобода“.

РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Промоција на публикација

Фондација Конрад Аденауер и Институт за демократија „Социетас цивилис“ во ЕУ Инфо центарот ги промовираа публикациите „Реформа на судството во Република Македонија: Промени без реформи?“ и „Уставниот суд изгубен во судските реформи“.

АКАДЕМИЈА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ

Од 14-17 декември во Скопје, КАС во соработка со EDS (European Democratic Students), официјалната студентска организацијата на Европската нардона партија и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ како и Вилфред Мартенс Центарот за европски студии се организираше Академијата за млади лидери под работен наслов “Улогата на дијалогот во градење на посилни општества”

КОРИСТЕЊЕТО НА РЕЛИГИЈАТА ВО ПОЛИТИЧКИТЕ КАМПАЊИ

ИСТРАЖУВАЊЕ

На 18 декември во Скопје, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за политички истражувања и порталот Религија.мк го промовираа истражувањето за застапеноста на религијата во политичките кампањи.