Derzeit sind keine Veranstaltungen geplant.
Diskussion
Катедра Аденауер 2024
Справување со ризиците - глобализација и зајакнување на европската надворешна политика
Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Академијата за Европски интеграции од Скопје, ја организираат првата панел дискусија во рамки на Катедра Аденауер 2024.
Diskussion
Европската иднина на регионот и надворешните државни актери
Официјално отварање на Школата за безбедност 2024
Панел дискусијата е во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, со поддршка на нашата сестринска фондација, Центарот за Европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел.
Event
Ден на Европа 2024
Одбележување на Денот на Европа - 9 Мај
Денот на европското обединување – 9 Мај, Европското движење во Република Северна Македонија во партнерство со Фондацијата Конрад Аденауер ќе го одбележат на 04 јуни (вторник) со почеток од 11.00 часот.
Diskussion
Дали Северна Македонија е ранлива на економски притисок од НР Кина?
Панел дискусија и промоција на публикација
Фондацијата Конрад Аденауер, Правниот Факултет “Јустинијан Први”-Скопје и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА организираат панел дискусија и промоција на публикација со наслов “Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Северна Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Република Кина? ”.
Workshop
ausgebuchtРегионална студентска размена
Прекугранична соработка и размена на искуства за обновливи извори на енергија – управување со води и фотоволтаични системи и технологии
Од 05 до 07 април во Дојран, Фондацијата Конрад Аденауер во заедничка соработка со Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје и Градежен факултет при Универзитетот Аристотелис од Солун, организира регионална студентска работилница на тема “Прекугранична соработка и размена на искуства за обновливи извори на енергија – управување со води и фотоволтаични системи и технологии”.
Workshop
ausgebuchtСтратешко планирање за политички промени 2024
Работилница
Во рамки на богатата соработка, КАС и ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организираат тридневен настан наменет за највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на Извршниот комитет, со цел дискусии и стратешко планирање за активностите на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период. Настанот ќе се одржи од 23 до 25 февруари во Велес.
Workshop
ausgebuchtЗајакнување на капацитетите на пратениците
Успешни стратегии и предизвици
Тренинг-семинар на високо ниво, наменет за пратениците во македонското Собрание од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Workshop
ausgebuchtПолитичка академија 2024
Важноста на ефективната комуникација во градењето успех
Фондацијата Конрад Аденауер и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ од 09 до 11 февруари во Крушево ја организираат Политичката академија 2024 насловена како „Важноста на ефективната комуникација во градењето успех“.
Workshop
ausgebuchtИскористете ја моќта на Chat GPT 3.5 и 4.0 во вашиот секојдневен живот и работа
Тренинг наменет за стипендистите на КАС
Фондацијата Конрад Аденауер организира еднодневен тренинг со наслов “Искористете ја моќта на Chat GPT 3.5 и 4.0 во вашиот секојдневен живот и работа”, наменет за јакнење на капацитетите на млади професионалци и студенти кои се дел од мрежата на стипендисти на КАС. Активноста ќе се одржи во просториите на Фондацијата и има за цел да ги обучи учесниците за практична и ефективна примена на придобивките од Chat GPT 3.5 и 4.0 во нивниот секојдневен и професионален живот, укажувајќи на неговите можности, ограничувања и најдобра пракса.
Event
ausgebuchtГрадење успех на локално ниво: Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа
Обука за градоначалници
Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ на 28 Октомври во Скопје, организира еднодневен тренинг-семинар за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Градење успех на локално ниво: Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа“.