Asset Publisher

Настани

Asset Publisher

Asset Publisher

Derzeit sind keine Veranstaltungen geplant.

Asset Publisher

Работилница

ausgebucht

Вештачката интелигенција во редакциите – предизвици и можности

Работилница

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) заедно со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) организираат работилница на тема „Вештачката интелигенција во редакциите – предизвици и можности“ која ќе се одржи од 11 до 13 декември 2024 година во Крушево.

Дискусија

Катедра Аденауер 2024

Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан

Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и Академијата за Европски интеграции од Скопје, ја организираат третата и последна панел дискусија во рамки на Катедра Аденауер 2024.

Семинар

Катедра Аденауер 2024

Проширувањето и Западниот Балкан - Предизвици и можности

Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и Академијата за Европски интеграции од Скопје, ја организираат втората панел дискусија во рамки на Катедра Аденауер 2024.

Конференција

НАТО - 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа

Конференција

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и поддршка на нашата сестринска фондација од Брисел, Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс организира конференција на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на НАТО со наслов “НАТО - 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа”.

Семинар

ausgebucht

Зајакнување на капацитетите на пратениците

Предизвиците на парламентарната демократија

Тренинг-семинар на високо ниво, наменет за пратениците во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Дискусија

Катедра Аденауер 2024

Справување со ризиците - глобализација и зајакнување на европската надворешна политика

Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Академијата за Европски интеграции од Скопје, ја организираат првата панел дискусија во рамки на Катедра Аденауер 2024.

Дискусија

Европската иднина на регионот и надворешните државни актери

Официјално отварање на Школата за безбедност 2024

Панел дискусијата е во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, со поддршка на нашата сестринска фондација, Центарот за Европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел.

Конференција

Ден на Европа 2024

Одбележување на Денот на Европа - 9 Мај

Денот на европското обединување – 9 Мај, Европското движење во Република Северна Македонија во партнерство со Фондацијата Конрад Аденауер ќе го одбележат на 04 јуни (вторник) со почеток од 11.00 часот.

Дискусија

Дали Северна Македонија е ранлива на економски притисок од НР Кина?

Панел дискусија и промоција на публикација

Фондацијата Конрад Аденауер, Правниот Факултет “Јустинијан Први”-Скопје и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА организираат панел дискусија и промоција на публикација со наслов “Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Северна Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Република Кина? ”.

Работилница

ausgebucht

Регионална студентска размена

Прекугранична соработка и размена на искуства за обновливи извори на енергија – управување со води и фотоволтаични системи и технологии

Од 05 до 07 април во Дојран, Фондацијата Конрад Аденауер во заедничка соработка со Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје и Градежен факултет при Универзитетот Аристотелис од Солун, организира регионална студентска работилница на тема “Прекугранична соработка и размена на искуства за обновливи извори на енергија – управување со води и фотоволтаични системи и технологии”.

Asset Publisher

Промовиран прирачникот за спречување на корупција во локалната администрација.

Фондацијата Конрад Аденауер и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација подготвија Прирачник за спречување на корупцијата во локалната администрација кој беше промовиран на 19.04.2017 година во јавноста.

Европската унија 60 години од потпишувањето на Римскиот договор: Дали Македонија оди кон Европа?

По повод 60 годишнината од потпишувањето на Римскиот договор, Европското движење на Р. Македонија во соработка со фондацијата Конрад Аденауер ја организираа панел дискусијата која го отвори прашањето: Дали Македонија е на вистинскиот пат?

Регионална Зимска школа за безбедност 2016

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Факултетот за безбедност-Скопје и Центарот за истражување и креирање политики ја организираа регионалната Зимска школа за безбедност 2017. Овој проект беше исто така поддржан и од нашиот партнер „Вилфред Мартенс“ Центарот за европски студии од Брисел.

Се оддржа вториот Меѓурелигиски час помеѓу студентите од факултетите за богословија и за исламски науки

На 14.03.2017 година во х. Мериот во Скопје се одржа вториот Меѓурелигиски час на тема: Перцепциите на граѓаните за религијата и нејзината улога во мултиконфесионалните општества.

Промоција на истражување на јавното мислење за ЕУ

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ на ден 17.02.2017 одржаа прес конференција на која беа промовирани извештаи од две истражувања на јавното мислење

Саморегулација како основен предуслов за слободни медиуми

Од 2 до 4 март во хотелот Сириус во Струмица се одржа работилница за саморегулација како основен предуслов за слободни медиуми

„Климатски промени и зелена економија - како да се прилагоди образовниот систем?“

Meѓународна конференција

Фондацијата Конрад Аденауер заедно со Центарот за Европски Студии Вилфред Мартeнс од Брисел и Еколошката организација „Гоу Грин-Скопје“ ја организираа меѓународната конференција на тема „Климатски промени и зелена економија - како да се прилагоди образовниот систем?“.

Посета на младинската организација на партијата ЦСУ од регионот Горна Франконија во Баварија, СР Германија

Фондацијата Конрад Аденауер беше домаќин на младинската организација на партијата ЦСУ од регионот Горна Франконија во Баварија, СР Германија.

Посета на Торстен Фрај на Македонија

На покана на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје, посета на Република Македонија оствари пратеникот од германскиот Бундестаг од партијата ЦДУ, г-дин Торстен Фрај.

Средба со пратеници од германскиот Бундестаг

Г-дин Јоханес Д. Раи оствари средба со двајца пратеници од германскиот Бундестаг, г-дин Јурген Климке и г-дин Алоис Карл, кои учествуваа на есенскиот состанок на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Скопје.