Настани

Derzeit sind keine Veranstaltungen geplant.

Diskussion

Војната во Украина и надворешно-политичките предизвици за ЕУ и Западен Балкан

Онлајн настан

На 10 март со почеток во 19:30 часот во организација на Фондацијата Конрад Аденауер ќе се одржи онлајн-дискусија на тема "Војната во Украина и надворешно-политичките предизвици за ЕУ и Западен Балкан".

Buchpräsentation

Актуелните безбедносни предизвици и ризици за Северна Македонија и Регионот

Презентација на книга и академска дискусија

На 9 март Фондацијата Конрад Аденауер и Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола ќе организираат академска дискусија на тема "Актуелните безбедносни предизвици и ризици за Северна Македонија и Регионот", во рамки на која ќе ја презентираат и своја заедничка публикација во авторство на проф. д-р Марјан Ѓуровски.

Event

Катедра Аденауер 2021

Оценување на поглавјата 23 и 24 - Напредок без почеток на преговорите со ЕУ?

На 17 декември, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, Институтот за општествени истражувања – МК91 од Скопје и Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип го организираат хибридниот настан “Катедра Аденауер 2021: Оценување на поглавјата 23 и 24 - Напредок без почеток на преговорите со ЕУ?”.

Online-Seminar

Меѓурелигиски час

Улогата на Народниот Правобранител како промотор и заштитник на уставните и законските права на граѓаните

Овој проект инициран од Фондацијата Конрад Аденауер се реализира во блиска соработка со Православниот Богословски Факултет „Св. Климент Охридски“ и Факултетот за Исламски Науки - Скопје.

Event

Катедра Аденауер 2021

Европската идеја во Западен Балкан - неизвесна иднина?

На 14 декември, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Институтот за општествени истражувања – МК91 од Скопје и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје го организираат настанот “Катедра Аденауер 2021: Европската идеја во Западен Балкан - неизвесна иднина?”.

Online-Seminar

РЕГИОНАЛНА ШКОЛА 2021

ОПШТЕСТВОТО И РЕЛИГИЈАТА: ЕТНИЧКИ ГРУПИ, ИДЕНТИТЕТ И НАЦИОНАЛИЗАМ

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со "Вилфрид Мартенс" Центарот за Европски студии ја организираат Регионалната школа 2021 наменета за млади истражувачи и професионалци кои доаѓаат од земјите од регионот.

Diskussion

Новата финансиска рамка на ЕУ 2021-2027

Нова шанса за подлабоки, одржливи и неповратни реформи за Северна Македонија

На 4 октомври, Фондацијата Конрад Аденауер заедно со Институтот за демократија „Societas Civilis“-Скопје организираат хибриден настан „Новата финансиска рамка на ЕУ 2021-2027, нова шанса за подлабоки, одржливи и неповратни реформи за Северна Македонија“. Настанот ќе започне со воведни зборови на Даниел Браун, директор на Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер за Северна Македонија, Холгер Хајбах, директор на Фондацијата Конрад Аденауер за Словенија и Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија.

Forum

5. Македонско-германски форум

30 години независност на Северна Македонија - улогата на Собранието во демократијата

На 24 септември, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за општествени истражувања – МК91 организираат хибриден настан 5. Македонски-германски форум “30 години независност на Северна Македонија - Улогата на Собранието во демократијата”.

Workshop

ausgebucht

Зајакнување на демократските капацитетите на локално ниво

Обука

На 4 септември, КАС организира еднодневна обука на тема „Зајакнување на демократските капацитетите на локално ниво” на која ќе земат учество потенцијалните кандидати за градоначалници, советници и идни чинители на локално ниво на политичката партија Алијанса за Албанците.

Workshop

ausgebucht

Зајакнување на демократските капацитетите на локално ниво

Обука

На 3 септември, КАС организира еднодневна обука на тема „Зајакнување на демократските капацитетите на локално ниво” на која ќе земат учество потенцијалните кандидати за градоначалници, советници и идни чинители на локално ниво на политичката партија Алтернатива.

Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија

Работилница

Од 02 до 04 март во Струмица се одржа дводневна работилница во организација на КАС и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со наслов „Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија“ на која учество земаа новинари од повеќе од 30 онлајн медиуми од целата земја.

Тркалезна маса

Религијата во образованието – искуства и предизвици

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Асоцијацијата на професори по Eтика во религиите организираше тркалезна маса на 16 февруари во Скопје на тема „Религијата во образованието - искуства и предизвици“ на која присуствуваа лидерите на верските заедници, пратеници и експерти на темата од академијата и општеството.

Обука за личен маркетинг за актуелните КАС стипендисти

На 21 декември 2022 Фондацијата Конрад Аденауер спроведе обука за личен маркетинг наменета за актуелните КАС стипендисти, со цел поддршка и унапредување на нивните компетенции и персоналните вештини во насока на подобра и поквалитетна себе-промоција.

Новата реалност во училиштата - создавање можности со иновации и дигитални решенија

На 17. декември се одржа семинар на тема “Новата реалност во училиштата – создавање можности со иновации и дигитални решенија” наменета за професори по предметот Етика во религиите.

Младинска политичка академија

Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина

КАС во соработка со Унијата на Млади Сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ и Европските Демократски Студенти (ЕДС) од 01 до 04 декември во Скопје ja организираа Младинската политичка академија на тема „Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина“.

Политичка академија 2022

Стратегија и визија во време на криза

Од 28 до 30 октомври, КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организираше уште една од серијата политички академии, овој пат наменета за највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ на тема: „Стратегија и визија во време на криза“. Овогодишната Политичка академија опфати стручни презентации и работилници предводени од бројни домашни експерти, меѓународни претставници, актуелни и поранешни политичари и теоретичари во врска со раководењето на процеси во време на кризи – од сите аспекти кои се актуелни во моментот.

Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци

Обука

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и канцелариите на Фондацијата Фридрих Еберт (FES) и Фондацијата Конрад Аденауер (KAS) во Скопје, спроведоа тридневна обука на темата „Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци“ што се одржа од 23 до 25 септември 2022 година, во Охрид.

Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција

Обука

На 6 септември во Општина Аеродром се одржа еднодневна обука за вработените во општината, како последна активност во рамки на заедничкиот проект „Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција“ реализиран од страна на Фондацијата Конрад Аденауер, Правникот факултет „Јустинијан Први“ и Општина Аеродром.

Регионална Летна Школа 2022

Општество и Религија: Етнички групи, Идентитет и Национализам

Вечерта на 23 август се случи отворањето на регионалната летна школа “Општество и религија: етнички групи, идентитет и национализам”. На настанот учество земаа млади студенти од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија.

Градиме мостови кон заедничка иднина: од соседи кон стратешки партнери

Билатерална македонско-бугарска средба на КАС стипендистите во Охрид, 01 - 03 јули

Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, за време на првиот викенд од јули во прекрасниот Охрид, се одржа Билатерална македонско-бугарска средба на КАС стипендисти.