Настани

Derzeit sind keine Veranstaltungen geplant.

Online-Seminar

Имам нешто да кажам за својата иднина

9 Мај – Ден на Европа

Европското движење во Република Северна Македонија во соработка со КАС и Делегацијата на Европската Унија, традиционално, го одбележуваат 9 Мај – Денот на Европа.

Online-Seminar

Политичките лидери на иднината - предизвиците на младите во Пост-Ковид-19 општество

Клуб на млади или Клуб за млади? Каде треба да биде фокусот?

На 16 април со почеток од 11.00 часот КАС во соработка со собранискиот Клуб за младински прашања и политики ќе организира настан на ZOOM платформата на тема „Клуб на млади или Клуб за млади? Каде треба да биде фокусот?“

Online-Seminar

Пристапниот процес на Севeрна Македонија кон ЕУ и улогата на Европскиот парламент

Улогата и учеството на законодавните домови во процесот на приклучување кон Европската Унија

На 15 април со почеток во 13.00 часот, КАС во соработка со Институт за демократија организира онлајн конференција на тема „Пристапниот процес на Севeрна Македонија кон ЕУ и улогата на Европскиот парламент“.

Online-Seminar

Трансатлантските односи за време на новата администрација на САД

Импликации врз глобалната улога на Европа и проширувањето на ЕУ

На 31 март со почеток во 18.00 часот, КАС во соработка со Институтот за општествени истражувања - МК91 организира настан на ZOOM платформата на тема „ Трансатлантските односи за време на новата администрација на САД - импликации врз глобалната улога на Европа и проширувањето на ЕУ“.

Online-Seminar

ausgebucht

Инспирај учество!

Зајакнување на демократските капацитети на наставниците

Вчера, на 29.03.2021 КАС и ЛЕАД заедно со 21 наставник од земјава го започнаа проектот „Инспирај учество!„ проект наменет за зголемување на свесноста за важноста од демократски, легитимни избори на средношколски претседатели во рамките на училиштата.

Online-Seminar

ИНСПИРИРАЈ РАЗВОЈ

Градење на капацитетите на наставниците од средните училишта

Фондацијата Конрад Аденауер и LEAD организираат програма за развој на дигитални вештини на наставници која ќе се реализира од септември до ноември 2020 година

Online-Seminar

Повик за апликации

Состојбата со Микро, Мали и Средни претпријатија во време на Здравствена криза и Предизвиците кои им претстојат

Event

I. Регионална политичка академија за жени политичарки – Жените политичарки од партнерските партии на КАС од регионот здружени за еднаква застапеност во политиката

учество на г-ѓа Дорис Пак, Претседател на Унијата на жени на Европската Народна Партија

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ја организираат I. Регионална политичка академија за жени политичарки – Жените политичарки од партнерските партии на КАС од регионот здружени за еднаква застапеност во политиката.

Seminar

ausgebucht

Политичка академија 2020: Јакнење на капацитетите за поуспешен политички менаџмент

Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања - МК91

Оваа година Политичката академија за партиски членови е предвидена како комбинација на граѓанска и политичка едукација. Главната цел е да се зајакне знаењето и улогите на партиските членови кои имаат јасна визија за напредокот на земјата, заснован врз основните вредности како слободата, правдата, солидарноста и супсидијарноста. На Академијата ќе земат учество членови на ВМРО-ДПМНЕ кои тежнеат кон демократска, транспарентна и ефикасна партиска политика која е блиска до граѓаните и политика која ја води земјата кон европското семејство.

Seminar

ausgebucht

Политичка академија 2019: Јакнење на капацитетите на идните лидери

Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања - МК 91

Оваа година Политичката академија за партиски членови е предвидена како комбинација на граѓанска и политичка едукација, како и обука за социјални медиуми и политичка комуникација. Главната цел е да се зајакне знаењето и улогите на партиските членови кои имаат јасна визија за напредокот на земјата, заснован врз основните вредности како слободата, правдата, солидарноста и супсидијарноста. На Академијата ќе земат учество членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кои тежнеат кон демократска, транспарентна и ефикасна партиска политика која е блиска до граѓаните и политика која ја води земјата кон европското семејство.

Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија

Работилница

Од 02 до 04 март во Струмица се одржа дводневна работилница во организација на КАС и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со наслов „Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија“ на која учество земаа новинари од повеќе од 30 онлајн медиуми од целата земја.

Тркалезна маса

Религијата во образованието – искуства и предизвици

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Асоцијацијата на професори по Eтика во религиите организираше тркалезна маса на 16 февруари во Скопје на тема „Религијата во образованието - искуства и предизвици“ на која присуствуваа лидерите на верските заедници, пратеници и експерти на темата од академијата и општеството.

Обука за личен маркетинг за актуелните КАС стипендисти

На 21 декември 2022 Фондацијата Конрад Аденауер спроведе обука за личен маркетинг наменета за актуелните КАС стипендисти, со цел поддршка и унапредување на нивните компетенции и персоналните вештини во насока на подобра и поквалитетна себе-промоција.

Новата реалност во училиштата - создавање можности со иновации и дигитални решенија

На 17. декември се одржа семинар на тема “Новата реалност во училиштата – создавање можности со иновации и дигитални решенија” наменета за професори по предметот Етика во религиите.

Младинска политичка академија

Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина

КАС во соработка со Унијата на Млади Сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ и Европските Демократски Студенти (ЕДС) од 01 до 04 декември во Скопје ja организираа Младинската политичка академија на тема „Западен Балкан во контекст на актуелните безбедносни и економски предизвици по руската агресија на Украина“.

Политичка академија 2022

Стратегија и визија во време на криза

Од 28 до 30 октомври, КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организираше уште една од серијата политички академии, овој пат наменета за највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ на тема: „Стратегија и визија во време на криза“. Овогодишната Политичка академија опфати стручни презентации и работилници предводени од бројни домашни експерти, меѓународни претставници, актуелни и поранешни политичари и теоретичари во врска со раководењето на процеси во време на кризи – од сите аспекти кои се актуелни во моментот.

Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци

Обука

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и канцелариите на Фондацијата Фридрих Еберт (FES) и Фондацијата Конрад Аденауер (KAS) во Скопје, спроведоа тридневна обука на темата „Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци“ што се одржа од 23 до 25 септември 2022 година, во Охрид.

Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција

Обука

На 6 септември во Општина Аеродром се одржа еднодневна обука за вработените во општината, како последна активност во рамки на заедничкиот проект „Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција“ реализиран од страна на Фондацијата Конрад Аденауер, Правникот факултет „Јустинијан Први“ и Општина Аеродром.

Регионална Летна Школа 2022

Општество и Религија: Етнички групи, Идентитет и Национализам

Вечерта на 23 август се случи отворањето на регионалната летна школа “Општество и религија: етнички групи, идентитет и национализам”. На настанот учество земаа млади студенти од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија.

Градиме мостови кон заедничка иднина: од соседи кон стратешки партнери

Билатерална македонско-бугарска средба на КАС стипендистите во Охрид, 01 - 03 јули

Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, за време на првиот викенд од јули во прекрасниот Охрид, се одржа Билатерална македонско-бугарска средба на КАС стипендисти.