Настани - КАНЦЕЛАРИЈА НА ФОНДАЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Asset Publisher
Настани
Asset Publisher
Asset Publisher
Во моментот нема планирани настани.
Asset Publisher
Во моментот нема планирани настани.
Showing 21 to 23 of 23 entries.
Asset Publisher
Награда за средношколско учество – НајГЛАСни!
Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението Лидери за едукација, активизам и развој и оваа година продолжуваат со традицијата на доделување на Наградата за средношколско учество – НајГЛАСни!, проект одобрен од Министерството за образование и наука. Наградата претставува признание за ангажманот, активноста и заложбите на ученичките заедници кои придонесуваат за унапредување на ученичкото учество и подобрување на училишниот живот.
14 октомври 2025
Извештаи за настани
Регионална летна школа 2025
Општество и религија: етнички групи, идентитет и национализам
Млади учесници од Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Северна Македонија и Србија имаа прилика за учествуваат на Регионална летна школа посветена на една од најакутните и најосетливите теми на Балканот „Општество и Религија: Етнички групи, Идентитет и Национализам“ која се одржа во Охрид во периодот помеѓу 8.-11. јули 2025 година. Организирана од фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс, овој настан обедини вкупно 17 студенти од различна етничка и религиска припадност кои дискутираа за значајни теми во врска со соживотот, мултикултурализмот и иднината на интеретничките односи во Југоисточна Европа.
18 јули 2025
Извештаи за настани
Одржлив локален развој за подобра иднина
Владата и Собранието во служба на успешни локални политики
Со цел зајакнување на локалните политички капацитети, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Партискиот истражувачки и аналитички центар “Љубиша Георгиевски” од 13 до 15 јуни 2025 година организираше обука во Штип на тема „Одржлив локален развој за подобра иднина: Владата и Собранието во служба на успешни локални политики“. На обуката земаа учество членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кандидати за градоначалници, овој настан ја постави основата за развој и имплементација на одржливи и ефективни политики на општинско ниво како клучна основа за функционална држава.
10 јули 2025
Извештаи за настани
Ден на Европа 2025
25 години поддршка на евроинтегративниот процес и демократскиот напредок на Северна Македонија
На 28 мај 2025 година, се одржа овогодишниот настан по повод Денот на Европа, во организација на Европското движење во Република Северна Македонија, Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс. Одбележувајќи 25 години поддршка на евроинтегративниот пат на Северна Македонија, во рамки на настанот се одржа панел дискусија за процесот на проширување и интеграцијата во ЕУ, по што следеше младински клуб фокусиран на учеството на младите во политиката и општеството.
5 јуни 2025
Извештаи за настани
25 Години Фондација Конрад Аденауер во Северна Македонија
На 27 мај (вторник), Фондацијата Конрад Аденауер со свечена церемонија го одбележа значајниот јубилеј – 25 години присуство во Република Северна Македонија. Настанот се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје во присуство на високи гости, претставници на државниот врв, политички лидери и долгогодишни партнери и соработници, со кои заеднички се осврнавме на изминатите години соработка - четврт век заедничка посветеност кон демократските вредности, политичкиот дијалог и развојот на земјата.
2 јуни 2025
Извештаи за настани
Меѓурелигиски час
Во рамки на проектот „Меѓурелигиски час“ на 13 мај (вторник), група од 16-тина студенти, од Православниот Богословски Факултет „Св. Климент Охридски“ и Факултетот за Исламски Науки во Скопјe имаа можност за време на посетите на верски објекти да дискутираат на тема “Практична теологија и педагогија на религијата” со професори кои се врвни познавачи на темата.
13 мај 2025
Извештаи за настани
Политичка академија 2025
Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа
КАС и ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ ја организираа Политичката академија 2025 наменета за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со цел зајакнување на организациските, комуникациските и стратешките капацитети на истите. Настанот се одржа од 11 до 13 април во Крушево. На настанот свое излагање имаа стручни лица од областа на комуникациите и стратешкото планирање.
23 април 2025
Извештаи за настани
Унапредување на медиумската регулатива во Северна Македонија – Усогласување со нормите на ЕУ
Работилница
Од 13 до 15 март, КАС во соработка со Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс од Брисел и со поддршка на ЗНМ организираа работилница на тема „Унапредување на медиумската регулатива во Северна Македонија - Усогласување со нормите на ЕУ".
17 април 2025
Извештаи за настани
Вештачката интелигенција во редакциите – предизвици и можности
Работилница
Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), реализираше тридневна работилница на тема „Вештачката интелигенција во редакциите – предизвици и можности“, која се одржа од 11 до 13 декември 2024 година во Крушево.
26 декември 2024
Извештаи за настани
Меѓурелигиски час
Значењето на Светите книги во градењето соживот
На 26-ти ноември се одржа проектот „Меѓурелигиска час“. Настанот го организираше Фондацијата Конрад Аденауер во блиска соработка со Православниот Богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и Факултетот за Исламски науки од Скопје.