Derzeit sind keine Veranstaltungen geplant.
Event
I. Регионална политичка академија за жени политичарки – Жените политичарки од партнерските партии на КАС од регионот здружени за еднаква застапеност во политиката
учество на г-ѓа Дорис Пак, Претседател на Унијата на жени на Европската Народна Партија
Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ја организираат I. Регионална политичка академија за жени политичарки – Жените политичарки од партнерските партии на КАС од регионот здружени за еднаква застапеност во политиката.
Seminar
ausgebuchtПолитичка академија 2020: Јакнење на капацитетите за поуспешен политички менаџмент
Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања - МК91
Оваа година Политичката академија за партиски членови е предвидена како комбинација на граѓанска и политичка едукација. Главната цел е да се зајакне знаењето и улогите на партиските членови кои имаат јасна визија за напредокот на земјата, заснован врз основните вредности како слободата, правдата, солидарноста и супсидијарноста. На Академијата ќе земат учество членови на ВМРО-ДПМНЕ кои тежнеат кон демократска, транспарентна и ефикасна партиска политика која е блиска до граѓаните и политика која ја води земјата кон европското семејство.
Seminar
ausgebuchtПолитичка академија 2019: Јакнење на капацитетите на идните лидери
Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања - МК 91
Оваа година Политичката академија за партиски членови е предвидена како комбинација на граѓанска и политичка едукација, како и обука за социјални медиуми и политичка комуникација. Главната цел е да се зајакне знаењето и улогите на партиските членови кои имаат јасна визија за напредокот на земјата, заснован врз основните вредности како слободата, правдата, солидарноста и супсидијарноста. На Академијата ќе земат учество членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кои тежнеат кон демократска, транспарентна и ефикасна партиска политика која е блиска до граѓаните и политика која ја води земјата кон европското семејство.
Workshop
Гласот на жените во пратеничката група – Професионализирање на работата на жените во Собранието
Како дел од нашите активности за јакнење на капацитетите на македонската парламентарна демократија и плурализам, Фондацијата Конрад Аденауер организира еднодневна работилница за парламентарките од Пратеничката група на ВРМО-ДПМНЕ. Иницијативата има за цел да ги поддржи жените парламентарки во нивните напори за преземање активна улога во законодавната власт, предлагајќи политики за родова еднаквост и женски права.
Workshop
ausgebuchtРаботилница: Професионализам во онлajн медиуми – предизвици, можности и практики
Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) организира работилница со наслов „Професионализам во онлајн медиумите - предизвици, можности и практики“ што ќе се одржи во Охрид. Многу важен фактор во системот за саморегулација е медиумите да ги почитуваат етичките стандарди во нивната работа. Во оваа насока, најдобрите етички практики ќе бидат презентирани на учесниците за време на работилницата и преку дебата ќе се идентификуваат најдобрите и финалните критериуми за избор на онлајн медиуми кои ќе можат да се приклучат на Регистарот на професионални онлајн медиуми. Овој регистар ќе биде создаден од ЗНМ, Советот за етика на медиуми и Стопанската комора. Обучувачите на работилницата се многу искусни на овие теми и нивното знаење за етичкото известување и саморегулирање на медиумите, како и правни аспекти во кои работат медиумите може да помогнат на онлајн медиумите да стекнат дополнителни знаења како подобро да работат во оваа правна рамка. Имајќи го ова во предвид крајната цел на оваа работилница е да имаме уште попрофесионални медиуми, да се направи јасна разлика помеѓу професионалните и непрофесионалните медиуми и конечно да се допринесе кон подобра информирана јавност. Овој процес треба да помогне да се врати довербата на јавноста во медиумите.
Forum
III. Македонско – германски форум
"Перспективите за проширување по Европскиот совет? Улогата на Собранието во пристапниот процес на Севeрна Македонија и релациите со Европскиот парламент"
Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за Демократија „Социетас цивилис“ – Скопје
Diskussion
ausgebuchtДијалог за соработка во областа на европските интеграции и пристапните преговори
Со оглед на недостигот на експертиза што реално ќе и недостасува на Северна Македонија во пристапните преговорите, од клучно значење за државата е користењето на експертиза од регионот. Во тој контекст држава која успешно го финализирала овој процес во поновата историја е Бугарија. Имајќи ја предвид новата позитивна динамика на билатералните односи меѓу двете земји, експерти од Бугарија би можеле да имаат позитивно влијание за поттикнување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ преку обезбедување на знаења и искуства. Целта на овој настан е да се отвори дијалог помеѓу претставници од академската сфера, експерти, политичари, новинари како и претставници на невладини организации кои имаат за цел да го зајакнат капацитетот на земјата во пристапните преговори.
Seminar
Регионална школа за безбедност 2019
Хибридни закани и нивното влијание на демократијата – можности за регионална соработка
Во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел Фондацијата Конрад Аденауер заедно со Факултетот за безбедност-Скопје и Центарот за Истражување и креирање политики организира Регионална школа за безбедност 2019. Иницијативата вклучува студенти и професори од Факултетот за безбедност-Скопје, Универзитетот Македонија од Солун и Универзитетот Св. Климент Охридски од Софија. Обработувајќи теми кои се од заеднички интерес проектот има за цел да поттикне соработка и размена помеѓу земјите од регионот, посебно помеѓу младите како идни експерти и носители на одлуки. Исто така, соработката помеѓу универзитетите од Северна Македонија, Бугарија и Грција ќе даде позитивен пример на политиката, а со тоа и позитивна рефлексија на билатералните и мултилатералните релации помеѓу земјите во регионот.
Workshop
ausgebuchtI. Регионална Политичка младинска академија – Предизвици на Европската демократија
во соработка со Вилфред Мартенс Центарот за Европски Студии од Брисел
Постојат многу организации кои ги поврзуваат младите луѓе од регионот. Но сепак не постои иницијатива што ги поврзува раководствата на младинските организации на партнерските партиите на КАС во регионот. Важно е да се разбере дека овие луѓе ќе ги водат своите земји во следните неколку децении. Поради ова тие треба да го запознаат својот регион во однос на економијата, општеството, енергијата, безбедноста и сл. Основната цел на оваа регионална Политичка младинска академија е да создаде контакти помеѓу младите лидери кои припаѓаат на семејството на Европските народни партии и да ги охрабри да размислуваат низ призмата на целиот регион и во духот на евроатлантското пријателство и вредности. Темите што ќе се дискутираат за време на академијата ќе се однесуваат на предизвиците на европската демократија, иднината на проширувањето и соседската политика, иднината на трансатлантските односи и безбедноста, економијата, културната размена, регионалната соработка и др.