„ДИГИТАЛНА ЕВРОПА: МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ ЗА НАПРЕДОК” - КАНЦЕЛАРИЈА НА ФОНДАЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Veranstaltungsberichte
Над 35 претставници од младинските организации на политички партии од различни земји зедоа учество на настанот и активно учествуваа со свои мислења и идеи за постојните предизвици на младите во Европа и придонесот на идните млади лидери во промените кои претстојат.
Во фокусот на форумот беа прашања како што се стабилноста на економиите во 21виот век; улогата на политичките партии и креирањето на работни места во дигиталната ера како и современата европска политичка култура.
Идните лидери кои наскоро ќе бидат дел од процесот на одлучување во своите земји ја истакнаа својата подготвеност да одговорат на општествените предизвици со кои младите во Европа се соочуваат во своите татковини. Токму овој семинар послужи како платформа за споделување на искуствата, идеите и можни решенија во рамки на своите држави, како и на супранационално ниво.