Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

ДЕН НА ЕВРОПА

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Европското движење на Македонија и оваа година го одбележаа Денот на Европа со серија од неколку настани.

Asset Publisher

На 31 март на Филозофскиот факултет се одржа панел дискусија на тема “Дали Македонија е на вистинскиот пат?”. На самиот настан помеѓу другото, свое обраќање имаше и ЕУ амбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар.

На 5 мај исто така на Филозофскиот факултет се одржа дебата помеѓу студентите од поголемите универзитет од земјава на тема “Европската Унија: задолжителна или резервна опција за студентите?” по што ќе следеше и ораторски натпревар на тема “Дали знаеме доволно за ЕУ?”.

Одбележувањето беше заокружено на 11 мај во ресторанот Лира на свеченото доделување на награда Европски придонес на годината (2016) која Европското движење традиционално ја доделува од 2003 година на личности и организации кои со својата работа придонеле за зајакнување на Европските вредности. Оваа година наградата беше додела на Црвениот Крст на Република Македонија.

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher