Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Средношколците во Охрид ги изразија своите визии и желби за Европа

Една од главните цели на фонацијата Конрад Аденауер е промоцијата на вредностите на ЕУ како и интеграцијата на Македонија во истата. Во тој контекст, КАС ја имплементираше тренинг симулацијата "Визии и желби за Европа" за 37 ученици од СОУ "Климент Охридски" во Охрид од 25-27 септември.

Asset Publisher

Овој семинар беше 6-ти по ред во 2015 година и им понуди можност на учениците да го симулираат процесот на преговори во Европската унија во рамките на институциите на ЕУ.

Низ целата симулација, учениците имаа можност да го продлабочат своето знаење за процесот на преговори кој е од огромно значење за нашата земја, како и да ги согледаат различните интереси и позиции во рамки на Советот на ЕУ, Европскиот парламент и Европската комисија. Симулацијата е базирана на реално сценарио, каде земјите кандидати за ЕУ како, Албанија, Србија, Црна Гора и Турција, преговараат за влез во ЕУ. Исто така, учениците играат улоги на министри, претседатели, пратеници и високи претставници на Европската комисија. Низ целиот тек, тие имаат можност да дебатираат, преговараат, лобираат и донесуваат одлуки за иднината на ЕУ, притоа изразувајќи ги своите визии и желби за Европа.

Симулацијата е заеднички проект на КАС во соработка со Вилфрид Мартенс центарот за европски студии од Брисел и ЦИВИК институтот од Германија.

На почеток

Asset Publisher

/ /

comment-portlet

Asset Publisher