Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА УЧЕНИЧКОТО УЧЕСТВО ВО ПРОЦЕСОТ НА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ

КОНФЕРЕНЦИЈА

Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението LEAD на 20.11.2017 година ја организираа конференцијата за зајакнување на ученичкото учество во процесот на донесување на одлуки во средните училишта во Македонија.

Asset Publisher

Конференцијата претставуваше финализација на двегодишниот процес кој KAS и LEAD го имплементираа за зајакнување на 6 Училишните заедници во Македонија, како и изработката на истражувањето за учеството на средношколците во донесувањето на одлуките, кое притоа беше промовирано на настанот.

Исто така беше претставени и промоциското видео за проектот и за нагласување на потребата од ученичко учество. Видеото е достапно на следниот линк - https://www.youtube.com/watch?v=s46ZRI5wORU&t=52s

Конференцијата беше поддржана од Г-ѓа Рената Дескоска – Министер за образование и наука, која ја имаше честа да ја отвори конференцијата и да ги изрази заложбите на министерството за зајакнување на ученичкото учество.

Покрај промовирањето на истражувањето, на настанот присуствува 130 лица, наставните и ученици од повеќе од 60 средни училишта од Македонија. Тие имаа шанса да разменуваат мислења во 6 работни групи за можните предизвици при имплементација на измените во Законот за средно образование во делот на ученичкото учество.

На почеток

Asset Publisher

.

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher