Einzeltitel

Граѓанските организации и европската интеграција на Северна Македонија

Кон стратешко учество и транспаренти пристапни преговори

По 15 години од добивањето на кандидатскиот статус и по 10 препораки од Европската комисија, Северна Македонија конечно ги започнува преговорите за членство чиешто успешно завршување ќе го поплочи патот кон членство во Европската Унија.

Овој документ за застапување го дели и поддржува ставот на Европската комисија, притоа  аргументирајќи дека во овој процес, на Собранието, покрај институциите на системот, природен партнер им се и граѓанските организации. Дотолку повеќе, и Собранието и граѓанските организации ги претставуваат и застапуваат истите интереси – интересите на граѓаните на Северна Македонија.

Притоа, овој документ се фокусира на улогата на овие два важни актери во пристапниот процес на Северна Македонија застапувајќи:

 

1) институционализирана вклученост на граѓанските организации во пристапните преговори преку нивно учество во работата на Собранието во спроведување на неговата надзорна функција;

 

2) обезбедување транспарентност преку вклучување на јавноста и нејзино навремено информирање; и

 

3) проширување и насочување на спектарот - инструменти за финансиска поддршка за учеството на граѓанските организации во пристапните преговори од страна на Европската Унија и Владата.

На почеток

Контакти

Sandra Koljackova

програмски менаџер

Sandra.Koljackova@kas.de +389 2 3217 075