Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Поттикнување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата

Панел дискусија

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфред Мартенс на 13 јуни во Скопје одржа панел дискусија на тема „Поттикнување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата“ на која учество земаа жени активни учеснички во политиката и општеството од Северна Македонија но и од Европа.

Asset Publisher

Настанот имаше за цел да ја поттикне дискусијата за тоа какви се правата на жените во земјата како и во Европа, но и како овие загарантирани права на хартија се применуваат во општеството, политиката и секојдневниот живот.  

Во своето воведно обраќање, Даниел Браун, официјалниот претставник на фондација Конрад Аденауер истакна: „Важно е жените како и сите останати граѓани да бидат застапени во политиката како и во сите општествени сфери на раководни позиции, не само поради рамноправната застапеност, туку и поради поинаквите перспективи и погледи кои мажите и жените ги имаат на тие водечки позиции.  Во Германија има многу повеќе жени на високи позиции, а како пример ја земаме канцеларката Меркел, но тоа не е репрезентативно за целото општество, на оваа тема треба многу да се стори. Во Европа и Балканот ситуацијата е слична“, истакна тој.

„Мора да постои еднаква застапеност, до сега гледаме дека застапеноста на жените во политиката е помала, бидејќи тие не се осмелуваат да влезат, а тоа е важно за да имаме едно здраво демократско општество. Политичките партии треба да ги охрабруваат жените да бидат на такви високи функции, а особено младите би биле заинтересирани за такво нешто„ додаде Елефтерија Каци од Центарот за европски студии Вилфред Мартенс во нејзиното поздравно обаќање.

Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн истакна дека во Германија нештата се слични како и тука иако тие 16 години ја имаа канцеларката Меркел која многу ги помести работите кога се во прашање правата на жените и нивната еднаквост во политиката. Како што истакна амбасадорката, таа во својата работа честопати се среќавала со мислење дека нема да може да ја извршува својата функција само затоа што е жена, но тоа ја мотивирало да работи повеќе и да го докаже спротивното.

„Во многу држави до сега немаше јасен пораст на жени на политички позиции. Зошто е тоа така? Има закон на Европско ниво на хартија, но законот и реалноста не се идентични. Жените мора да се поттикнуваат зошто со векови имало поинаква традиција, во политиката има жени, но тие мора многу да се борат за да дојдат до таму. Во 21 век мора законите и реалноста да се изедначат“, потенцираше Марион Валсман, пратеничка во Европскиот Парламент. Таа исто така истакна дека треба да постои соработка и надвор од политичките партии за да може општеството да напредува.

Претседателка на Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Гордана Силјановска Давкова истакна колку е важна поддршката на самите жени и нивната солидарност за сопствен успех и успех на општеството како и подобрувањето на правата на жените. „Ние имаме право на сопствен политички простор и треба да се атакува на највисоки функции, не само машката, туку и женската солидарност е важна. Инфантилно е да се каже дека мажот е добар политичар, а ние жените да мора да се докажуваме. Проблемот не е само овде туку е и европски. Според мене клучната борба е во политиката. Многу често институциите се суспендирани од моќни поединци“ изјави Силјановска Давкова.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека жените можe да водат и да допринесат да има поголем раст и развој на општеството. Според неа за жал во земјата под 1% носители на лидерски корпоративни позиции се жени, а жените одлучно можат да водат и да создаваат инклузивни општества, како и да создадат поинаква можност за демократичност во одлучувањето. Таа исто така истакна дека тука жените имаат права, но не и можности.

„Во земјата има 43 пратенички со тоа можеме да се пофалиме дека сме водечка држава во Европа по застапеност на жени, но истото не можеме да го кажеме и за жени градоначалнички кои се 2. Анализите велат дека ако има повеќе жени ќе се промени перцепцијата која носи поголеми придобивки во општеството и поголема демократска и социјална слобода. Со мажите мораме да бидеме партнери, а не противници„, истакна пратеничката Жаклина Пешевска.

Пратеничката Моника Зајкова во своето излагање истакна дека нападите врз жените секогаш имаат сексуална конотација. Доколку се напаѓа маж се коментира неговата работа, но доколку се напаѓа жена се напаѓа нејзината личност. Политичките партии треба да дадат пример преку вклучување на повеќе жени во извршните органи на партијата, а не само во Форумите на жени. Според неа едукацијата за родова еднаквост мора да започне од најмали нозе.

Како истражувач при Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје, Влора Речица, нагласи дека треба да се променат правилата на игра затоа што мажите ги имаат поставено, а тие се однесуваат само на нив и на жените им е потешко да ги следат. „Без да ги смениме овие правила на игра нема да имаме напредок во општеството„ истакна Речица во своето излагање.

Панел дискусијата беше  модерирана од Марија Ристеска, Извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики од Скопје.

Како заклучок од панел дискусијата произлезе дека потребата од квоти не само во политичкиот свет и во изборите туку во секој дел од општеството е неминовна, а неуморно треба да се работи на сузбивањето на родово базираното насилство и промоцијата на женската солидарност. Главен акцент треба да се стави на политичките партии кои се клучни, каде треба да се променат правилата на игра, односно да има родово сензибилизирање и на тој начин би се постигнало поголема вклученост на жените во политиката со што би се постигнале поголеми придобивки во целото општеството.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Über diese Reihe

Die Konrad-Adenauer-Stiftung, ihre Bildungswerke, Bildungszentren und Auslandsbüros bieten jährlich mehrere tausend Veranstaltungen zu wechselnden Themen an. Über ausgewählte Konferenzen, Events, Symposien etc. berichten wir aktuell und exklusiv für Sie unter www.kas.de. Hier finden Sie neben einer inhaltlichen Zusammenfassung auch Zusatzmaterialien wie Bilder, Redemanuskripte, Videos oder Audiomitschnitte.