Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Политичка академија 2021

Поттикнување на демократија на локално ниво – Градење на добри политики и стратегии за одржлив локален развој

На 1 и 2 септември, КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организираше Политичка академија за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници и носители на советничките листи на тема: „Поттикнување на демократија на локално ниво – Градење на добри политики и стратегии за одржлив локален развој“. Хибридниот настан вклучи бројни македонски и германски политичари, експерти и теоретичари од најразлични области.

Asset Publisher

Семинарот беше отворен од страна на Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, кој истакна дека од исклучителна важност е квалитетна подготовка и планирање на политики, пристап и мерки од страна на идните градоначалници и советници, за успешно водење политики во областа на животната околина, инфраструктурата и модерното управување, кои носат решенија за граѓаните. Браун ја подвлече поддршката која КАС ја дава за јакнење на капацитетите на повеќе структури од ВМРО-ДПМНЕ, преку пратеничката група, младите и жените, па се до кандидатите за носители на високи раководни функции на локално ниво.

На отворањето, свое обраќање имаше и Дејвид Мекалистер, потпретседател на Европската народна партија (ЕПП), кој преку видеоконференциска врска ја поздрави соработката помеѓу КАС и ВМРО-ДПМНЕ, со особен осврт на добрите односи помеѓу партнерите во градење на отворена Европа и пристапување на државата кон Европската унија. Истакнувајќи ја важноста на пристапувањето, Мекалистер ја потврди поддршката на ЕПП кон ВМРО-ДПМНЕ и кон државниот евро-интегративен пат.

На отворањето, свое обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој, заблагодарувајќи се на соработката со КАС, истакна дека е огромна важноста од креирање успешни и квалитетни политики на локално ниво со цел да се поттикнат реформите во рамките на општини. Напоменувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања која ќе изобилува со решенија и мерки за граѓаните во сите општини, Мицкоски се фокусираше на придобивките од успешното планирање и имплементација на ветувањата дадени пред граѓаните.

Поздравните обраќања ги заврши Стефан Андоновски, раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“. Андоновски се осврна на намената на академијата - која треба да им послужи на идните градоначалници и советници во практичната реализација на изборната кампања, подготовката на програмата, но најмногу, во водењето на општините.

Во работниот дел на дводневната академија, свои обраќања имаа и неколку истакнати македонски и германски политичари, научници и практичари. Александар Спасеновски од Правниот факултет, и поранешен пратеник, на присутните им ги презентираше одговорности и правна рамка на дејствување на македонскиот систем на локална самоуправа. Делот на дигитална комуникација со граѓаните го образложија Роберт Хајн, политички советник и комуникациски тренер, како и Кристијан Зинке и Диана Појкер од PXN GmbH кои говореа за успешна комуникација со граѓаните во време на дигиталната ера, како и креирање стратегии и методи за комуникација за локалната самоуправа.

Првиот ден го затворија со свое излагање Владимир Ѓорчев и Илија Димовски, поранешни пратеници и членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Предавачите се осврнаа на oрганизирањето на работната агенда на кандидатите и успешна комуникација со граѓаните.

Вториот ден од политичката академија го отворија Марија Ристеска, од Центарот за истражување и креирање политики, како и Ана Крстиновска од Здружение Естима, кои говореа за креирање политики кои се пријателски за жените во локалните заедници. На присутните им се обрати и Трајко Славески, поранешен Министер за финансии и професор на Економскиот факултет во Скопје, кој се осврна на предизвиците и приоритетите на локалниот економски развој. Југослав Ѓоргиевски од Центарот за правни истражувања и анализи пред присутните ги изложи правните и институционалните предизвици во инспекциите за заштитата на животната средина на локално ниво. Аспектите во врска со креирањето на адекватни политички пораки, но и одредени аспекти на јавниот настап и дебатирањето го дискутираа Ивица Боцевски, поранешен Заменик Претседател на Владата за европски интеграции, како и актерите Роберт Велјановски, Јелена Жугиќ и Дејан Лилиќ. Во врска со инволвираноста на младите во креирањето политики дискутираше Стефан Андоновски, раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“. Работниот дел на академијата го затвори Љупка Наумовска од Rennes School of Business, која се осврна на трансформирањето на институционалниот (политички) маркетинг, и градењето стратегија за политичка комуникација преку интернет.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher

Über diese Reihe

Die Konrad-Adenauer-Stiftung, ihre Bildungswerke, Bildungszentren und Auslandsbüros bieten jährlich mehrere tausend Veranstaltungen zu wechselnden Themen an. Über ausgewählte Konferenzen, Events, Symposien etc. berichten wir aktuell und exklusiv für Sie unter www.kas.de. Hier finden Sie neben einer inhaltlichen Zusammenfassung auch Zusatzmaterialien wie Bilder, Redemanuskripte, Videos oder Audiomitschnitte.