Asset Publisher

Einzeltitel

Македонската модерна центар-десница и предизвиците поврзани со животната средина

Фондацијата Конрад Аденауер ја промовираше публикацијата со наслов “Македонската модерна центар-десница и предизвиците поврзани со животната средина” во авторство на д-р Даме Димитровски, Дејан Димитриев и Радован Спиридонов.

Asset Publisher

Европскиот зелен договор, одобрен од Европската комисија, е збир на политички иницијативи планирани да го разгледаат и усогласат постојното законодавство, а исто така да воведат законодавство за циркуларна економија, реновирање згради, биодиверзитет, земјоделство и за олеснување на технолошките иновации.

Публикацијата дава приказ на состојбата и потенцијалот на македонското општество во однос на  многубројните предизвици поврзани со заштитата на животната средина и климата, предлагајќи соодветни мерки и политики со цел справување со овие прашања. Во оваа насока  можеме да препознаеме позитивни движења во македонското општество. Младите се заинтересирани за пристап заснован на наука во однос на климатската криза. Политичките актери од десниот центар треба да соработуваат со младинските граѓански организации и да ѝ дадат авторитетен глас на академската заедница и експертите, и со тоа да изградат форум кој би можел да обезбеди наука и факти.

Публикацијата беше промовирана во рамки на панел дискусија која се одржа на 23 февруари 2023 во просториите на Општина Бутел. 

На почеток

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher