Asset Publisher

Публикации

Asset Publisher

Перцепции и импликации од новите глобални иницијативи на Кина во Југоисточна Европа

Истражување

Истражувањето во издание на Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ и и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности – ЕСТИМА има за цел да мапира и оцени како новите глобални иницијативи на Кина се перципираат и разбираат во Југоисточна Европа, како и какви импликации можат да имаат истите врз економскиот, безбедносниот и политичкиот пејзаж на регионот.

Повик за трудови за 72. издание на списанието “Политичка мисла”

„Политичка мисла“ е тематско списание посветено на политички и општествени прашања. Меѓународниот уредувачки одбор на списанието објавува отворен повик за доставување оригинални научни трудови за претстојниот 72-ри број, во областите (но не ограничувајќи се на) Европа, надворешни актери, иновации и безбедност.

35 години независност: надворешна политика

Истражување на јавното мислење

Публикацијата „35 години независност: Надворешна политика (Истражување на јавното мислење)” ги анализира ставовите на граѓаните за развојот на надворешната политика на државата триесет и пет години по независноста, вклучувајќи ги нејзините главни достигнувања и предизвици, меѓународната позиција, надворешните влијанија, дипломатските капацитети и приоритетите за иднината.

Летна школа за млади новинари и медиумски работници

Нови технологии, безбедност, истражување и етика во новинарството

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС), во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во рамките на Тренинг-академијата за новинари и медиумски работници (Т-АЈМ), организираше Летна школа за млади новинари и медиумски работници, која се одржа од 21 до 25 јули 2026 година во Охрид.

Регионална летна школа 2026

Општество и религија: етнички групи, идентитет и национализам

Фондацијата Конрад-Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс, успешно ја организираше четиридневна едукативна програма во Охрид посветена на истражување на односот помеѓу идентитетот, религијата, демократијата, медиумската писменост и европските вредности. Настанот обедини учесници од неколку соседни земји, кои низ серија предавања, работилници, дискусии и студиски посети имаа можност заедно да работат кон зајакнување на критичкото размислување, интеркултурниот дијалог и граѓанската активност.

Презентација на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан

Мерење на иновациите за одржлив и паметен раст

На 27 мај во Скопје, Центарот за истражување и креирање политики, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер организираше настан посветен на конкурентноста, иновациите и дигиталната трансформација во земјите од Западен Балкан, на кој беше презентиран Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан.

Ден на Европа 2026

Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа

На 20 мај 2026 година во Скопје се одржа конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, организирана од Фондацијата Конрад Аденауер (КАС), Европското движење во Република Северна Македонија и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски Студии. Настанот беше организиран во рамки на одбележувањето на Денот на Европа – 9 Мај и претставуваше платформа за дискусија за актуелните европски предизвици, процесот на проширување на Европската Унија и улогата на младите во иднината на Европа.

Меѓурелигиски час

Улогата на теологот во 21-от век: Предизвици и Компетенции

Во рамки на проектот „Меѓурелигиски час“, беше реализирана значајна студиска посета на две исклучително важни локации како од културен така и од верски аспект во Скопје – Храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ и Џамијата „Султан Мурат“. Овој настан претставуваше уште еден чекор кон продлабочување на меѓурелигиското разбирање и градење доверба меѓу младите теолози во земјата.

Женско лидерство

Европската интеграција на Западен Балкан во услови на безбедносни и технолошки предизвици во Европа

Од 17 до 19 април 2026 година во Скопје, Фондацијата Конрад Аденауер (KAS), во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и EPP Women, организираше меѓународен настан на тема „Женско лидерство – Европската интеграција на Западен Балкан во услови на безбедносни и технолошки предизвици во Европа“.

Зимскиот универзитет на ЕДС 2026

Визија за младите 2030 – Западен Балкан, стабилност и ВИ во образованието

Зимскиот универзитет на Европските Демократски Студенти (ЕДС) 2026 на тема „Визија за младите 2030 – Западен Балкан, стабилност и ВИ во образованието“, во организација на КАС, ЕДС и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, се одржа во периодот од 26 до 29 март во Скопје.

Showing 1 to 10 of 429 entries.