Во моментот нема планирани настани.
Катедра Аденауер 2026
Перцепции и импликации на новите глобални иницијативи на Кина врз Југоисточна Европа
Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности – ЕСТИМА, ја организираат првата панел дискусија во рамки на овогодишната Катедра Аденауер.
Безбедност 2030
Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици
Фондацијата Конрад Аденауер и Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 24 и 25 септември 2026 година во Охрид ја организираат XVII Меѓународна научна конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“. Конференцијата се одржува под покровителство на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.
Стратешко лидерство
Ефективна комуникација за добро владеење
Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Партискиот истражувачки и аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ од 11 до 13 септември 2026 година во Маврово организира семинар на тема „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“. На настанот ќе земат учество членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, министри и заменици-министри, пратеници, градоначалници и други ностели на јавни функции.
Летна школа за млади новинари и медиумски работници
Нови технологии, безбедност, истражување и етика во новинарството
Во рамките на Тренинг-академијата за новинари и медиумски работници (Т-АЈМ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во соработка со КАС организира Летна школа за млади новинари и медиумски работници, која ќе се одржи од 21 до 25 јули 2026 година во Охрид.
Презентација на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан
Мерење на иновациите за одржлив и паметен раст
Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) го организраат настанот „Презентација на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан: Мерење на иновациите за одржлив и паметен раст“, кој ќе се одржи на 27.05.2026 година (среда), во хотел „Холидеј Ин“, сала „Милениум 1“ во Скопје, со почеток во 10:00 часот.
Ден на Европа 2026
Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа
По повод одбележувањето на Денот на Европа – 9 Мај, КАС во соработка со Европското движење во Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, организира конференција на тема „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, која ќе се одржи на 20 мај 2026 година во Скопје, во Ragusa Rooftop (Катна гаража „26 Јули“, „Св. Кирил и Методиј“ бр. 1), со почеток од 11:00 часот.
Бизнис со интегритет за конкурентна економија
Конференција посветена на интегритетот, транспарентноста и конкурентноста на малите и средни претпријатија
Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) на 14 мај 2026 година во Скопје, ja организираше конференција на тема „Бизнис со интегритет за конкурентна економија“ посветена на улогата на интегритетот, транспарентноста и усогласеноста во јакнењето на конкурентноста на малите и средни претпријатија и создавањето поотпорно и предвидливо деловно опкружување.
Женско лидерство
Европската интеграција на Западен Балкан во услови на безбедносни и технолошки предизвици во Европа
Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и EPP Women, од 17 до 19 април 2026 година во Скопје го организира меѓународниот настан „Женско лидерство - Европската интеграција на Западен Балкан во услови на безбедносни и технолошки предизвици во Европа“.
Билатерална студентска размена
Прекугранична соработка и размена на искуства за обновливи извори на енергија – управување со води и фотоволтаични системи и технологии
Од 27 до 29 март во Дојран, Фондацијата Конрад Аденауер во заедничка соработка со Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје и Градежениот факултет при Универзитетот Аристотелис од Солун, организира регионална студентска работилница на тема “Прекугранична соработка и размена на искуства за обновливи извори на енергија – управување со води и фотоволтаични системи и технологии”.
Зимски универзитет на ЕДС
Визија за младите 2030 – Западен Балкан, стабилност и ВИ во образованието
Од 26 до 29 март 2026 година во Скопје, Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со Европските Демократски Студенти (ЕДС) и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го организира Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, посветен на иднината на младите, европската перспектива на Западен Балкан и улогата на новите технологии и вештачката интелигенција во образованието и демократскиот развој.