Asset Publisher

Публикација

НајГЛАСни! - годишна награда за средношколско учество

Фондацијата Конрад-Аденауер заедно со ЛЕАД по втор пат го организираа настанот „НајГЛАСни!“, кој се одржа од 09.05.2023 до 11.05.2023 година. Во финалето учествуваа шест од најпосветените ученички заедници во земјава, избрани од повеќе училишни заедници кои се пријавија на отворениот повик.

Asset Publisher

Сподели

Кога училиштата поддржуваат и поттикнуваат ГЛАСни ученички заедници, имаме активни и мотивирани ученици подготвени да преземат активно учество во демократските процеси и да бидат носители на промени во образовниот систем, но и во општеството.

Под ова мото се одржа вториот по ред национален натпревар за избор на НајГЛАСната! училишна заедница.

Фондацијата Конрад-Аденауер заедно со ЛЕАД по втор пат го организираа настанот „НајГЛАСни!“, кој се одржа од 09.05.2023 до 11.05.2023 година. Во финалето учествуваа шест од најпосветените ученички заедници во земјава, избрани од повеќе училишни заедници кои се пријавија на отворениот повик.

Семинарот започна со обиколка на Собранието, каде учесниците имаа можност да се запознаат со многу интересни факти и приказни поврзани со различните простории на Собраниетео.  Во салата каде своевремено беше потпишан македонскиот устав, поздравни зборови до младите учесници упати Даниел Браун, претсавник на фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија. Потоа следеа воведни излагања на Моника Зајкова, Сафије Садики и Марија Петрушевска, три пратенички и од Иван Јованов, извршен директор на ЛЕАД. Средношколците ја искористија можноста да разговараат за релевантни младински теми со пратениците и покажаа интерес за идна комуникација и соработка.

Семинарот продолжи во Велес, каде учесниците ги поздравија Илија Станковски, програмскиот директор на ЛЕАД и Сандра Кољачкова, програмскиот менаџер на КАС. По уште едно предавање на минатогодишната победничка Анастасија Саша Тофоска, која оваа година им беше достапна како ментор на учениците, учесниците имаа време да се запознаат. Задачите и предизвиците на ученичките заедници беа истражени во интересни дискусии.

Бидејќи секоја група требаше да ја презентира работата и како функционирањето на своите училишни заедници, четвртокот главно беше искористен за подготовка на оваа презентација. Воедно во рамките ан програмата беа понудени теми за подобра ориентација и инспирација. Иван Јованов и Илија Станковски одржаа предавање за планирање и спроведување кампања.

На последниот ден од семинарот фокусот беше на презентациите. По кусото претставување на жирито, започнаа презентациите. Секоја презентација имаше максимално времетраење од 5 минути, проследено со 10-минутна сесија на прашања и одговори на која судиите поставуваа прашања, а учениците кои презентираа одговараа. По опсежно размислување, жирито за НајГЛАСна! Ученичка заедница за 2022/2023 ја избра ученичката заедница на СОУ гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола. Овогодинешниот победник ќе има можност со поддршка на КАС и ЛЕАД до крајот на 2023 година да организира настан за нивното училиште кој ќе го зајакне непосредниот демократски процес во училиштето и ќе им даде уште посилен глас на учениците.

Како заклучок, може да се каже дека настанот "НајГЛАСни!" за учениците беше драгоцено искуство и моќмност да се стекнат со нови занења и да разменат искуства и со тоа даде важен придонес во зајакнувањето на демократијата и европските вредности. Со давањето можност на младите да го кренат својот глас и да развијат и реализираат сопствени идеи уште како ученици, тие се охрабруваат активно да учествуваат во општествените процеси и да преземат одговорност. Фондацијата Конрад-Аденауер и ЛЕАД и во иднина ќе продолжат да даваат заеднички придонес за едукација на млада генерација посветени и одговорни граѓани кои се цврсто поврзани со основните вредности на демократското општество.

Asset Publisher

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Sandra Koljackova

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
sandra.koljackova@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher