Asset Publisher

Einzeltitel

Политички систем

Универзитетски учебник

Учебникот „Политички систем“ е колективен и сеопфатен труд на проф. д-р Саво Климоски, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска и проф. д-р Александар Спасеновски, од Катедрата по уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Asset Publisher

Основната намера да се напише ова дело произлезе, пред сè, од потребите на студентите што студираат на правните студии, на политичките студии, на студиите по новинарство, како и на студиите по односи со јавноста, организирани како студии од прв циклус, а, секако, и на студентите од вториот циклус, мастер студиите на насоката уставно право и политички систем и мастер студиите по политички науки. Истовремено, со оглед на целите на секој универзитетски учебник, веруваме дека ова дело ќе им биде од полза и на сите заинтересирани субјекти надвор од универзитетите кои се занимаваат или се интересираат за оваа значајна проблематика.

Учебникот е составен од шест дела со кои попрецизно се објаснуваат најважните теми и концепти што се предмет на проучување на оваа научна дисциплина.

Во првиот дел се разгледани воведните прашања, попрецизно се прикажани   поимот, предметот на проучување и изворите на политичкиот систем како научна дисциплина; анализирани се класичните и современите класификации на политичките системи; изложени се современите теории за политичкиот систем; дефинирани се поимите политика, политички процес и политичка власт и прикажани се најновите сознанија за поимите легалитет, легитимитет, моќ и авторитет.

Вториот дел од учебникот се однесува на вредностите на политичкиот систем. Во него се изложени  согледувања за демократијата како основна вредност преку нејзино поимно определување, дефинирање и анализа на најшироко елаборираните нејзини модели. Понатаму, во овој дел следуваат и попрецизни елаборации за либерализмот, либералната држава и либералната демократија, како и за правната држава и владеењето на правото. Конечно, во последната, четврта глава од овој дел, темелно се анализираат термините нација и национализам како важни составни делови на политичкиот систем.

Во третиот дел од учебникот, кој се однесува на системите на организација на државната власт, попрецизно се анализирани најважните класификации, по што  следува детален осврт на парламентарниот, претседателскиот, мешовитиот и собранискиот систем.

Четвртиот дел од книгата се однесува на цивилното општество и политичкиот систем. Во него, на почетокот попрецизно се објаснува релацијата меѓу политичкиот систем и цивилното општество, по што следува осврт кон релацијата политички систем-граѓанин. Во следните три глави се анализирани  политичките партии, партиските и изборните системи како важен елемент на современите политички системи. На крај, следува приказ на релациите помеѓу политичката култура и политичкиот систем, како и помеѓу јавното мислење и политичкиот систем.

Петтиот дел од ова дело се однесува на политичкиот систем на Европската Унија. Во него се содржани осврти на теориите за европските интеграции, како и на институциите на Унијата.

Последниот, шестиот дел на учебникот е посветен на односот помеѓу религијата и политичкиот систем. Во него се анализирани релациите помеѓу религиските системи и државата и се опфатени  најважните класификации на овие релации. Во овој дел се објаснети моделот на религиската држава, делот на државна религија, како и моделот на одвоеност на државата од религиите.

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher