Asset Publisher

Einzeltitel

Пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ и улогата на Европскиот парламент

На 15. април КАС и ИДСЦС ја организираа онлајн конференцијата „Пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ и улогата на Европскиот парламент”.

Конференцијата имаше за цел да поттикне дискусија за улогата и учеството на законодавните домови во процесот на приклучување кон Европската Унија, со особен осврт на Собранието на Република Северна Македонија и неговиот однос со Европскиот Парламент.

Asset Publisher

Воведни обраќања на конференцијата имаа Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија и Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија.

Браун истакна дека на Северна Македонија конечно и е потребна сигурна перспектива за отпочнување на преговорите со ЕУ.

„Пристапниот процес на Северна Македонија е приказна која трае долго и никако да заврши. Односните со некои соседни земји не се секогаш едноставни. Сметам дека е важно Северна Македонија и другите земји кандидати од Западен Балкан да имаат европска перспектива, таа да се поддржи и наскоро да започнат преговори“, рече Браун.

Според Трошановски, недобивањето на датум за преговори преставува големо разочарување за граѓаните, но смета дека тоа не треба да не обесхрабрува туку дека потребно е засилено да продолжи со реформскиот процес.

„Клучна улога во ова треба да има Собранието кое треба да има контрола и таму треба да се изгради национален консензус за преговарачките позиции. Ако реформите се прават добро, долгорочно, системски и структурно тоа ќе ја зголеми нивната издржливост и нивниот легитимитет. За жал изминатата година на пандемија, Собранието беше далеку под нивото на својата мисија. Да се надеваме дека во претстојниот период тоа ќе почне да работи како што и доликува на највисоката гранка на власт“, додаде Трошановски.

На настанот се обрати и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски кој потенцираше дека само силен и ефикасен парламент, со развиена култура на инклузивен дијалог и градење консензус може да биде вистински и ефективен двигател на реформи.

„Собранието на Северна Македонија во континуитет ја потврдува својата цврста определеност да биде двигател на реформите и да испорача конкретни мерки за исполнување на европските аспирации на граѓаните. На тој пат, нашиот природен партнер во ЕУ е Европскиот парламент кој својата цврста поддршка за нашата перспектива ја изразува преку конкретна помош и соработка“, рече Мисовски.

 

 

 

Марион Валсман, пратеничка од Европскиот парламент и заменик претседавач на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија рече дека Европскиот парламент напишал извештај за потенцијалот на Северна Македонија и дека дел од европратениците замолиле да се одржи првата Меѓувладина конференција.

„Цврсто сум убедена дека брзо ќе почнат и официјалните преговори, но потребни се напори за да се спроведат реформи“, смета таа.

Пратеникот и претседател на Националниот Совет за Евроинтеграции, Александар Николоски истакна дека Националниот совет е добро осмислено тело чија што цел е да гради консензус во процесот на преговори, но како проблем го истакна фактот што Советот се уште не е целосно комплетиран со сите членови.

„Во годишната програма на Советот, која треба да ја усвоиме, ќе предложиме мониторинг на методологијата на преговорите како и градење на консензус за преговарачката структура. Консензусот не треба да го бараме на лидерски средби и на други неформални форуми туку во Советот“, додаде Николовски.

 

 

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Sandra Koljackova

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

sandra.koljackova@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher