Asset Publisher

Публикација

Прирачник за парламентарни избори во Република Северна Македонија 2024 година

Прво издание

Традиционално почнувајќи од 2013 година, секоја изборна година, претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје (КАС) и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје (ИДСЦС) подготвуваат прирачник за изборните процеси во земјата.

Asset Publisher

Сподели

Единаесеттите по ред парламентарни избори во Република Северна Македонија ќе се одржат на 8 мај 2024 година. Седумнаесет листи на кандидати ќе учествуваат на овие парламентарни избори.

Прирачникот дава преглед за парламентарните избори 2024 година, како и за историјата на парламентарните избори во земјата, изборниот систем и за учесниците на изборите.

По завршувањето на изборите ќе се подготви второ, дополнето, издание на овој Прирачник во кое ќе бидат вклучени резултатите, како и информации за кампањата и изборниот процес во целина.

Прирачникот е достапно на македонски, албански и англиски јазик.

Сите претходно подготвени прирачници за претседателски, парламентарни и локални избори можете да ги најдете на веб страната http://izbornaarhiva.mk

Изразуваме благодарност до Програмата за поддршка на изборите на Швајцарската соработка во Северна Македонија, имплементирана од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), за поддршката и соработката во подготовката на оваа публикација.

 

Asset Publisher

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher