Календарот ги вклучува позначајните верски празници од секоја од петте верски заедници: Македонската Православна Црква, Исламската Верска Заедница, Католичката Црква, Евангелско-методистичката Црква и Еврејската Заедница. Овој календар традиционално се издава од страна на фондацијата Конрад Аденауер во блиска соработка со петте верски заедници од 2011 година. Оваа година календарот има нов дизајн и е збогатен со фотографии и типични верски пораки од различните верски заедници.