Asset Publisher

Публикација

Подобрување на безбедноста на новинарите преку измена на кривичниот законик

Aнализа на меѓународни стандарди и домашна регулатива

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) подготвија публикација со наслов “Подобрување на безбедноста на новинарите преку измена на кривичниот законик-анализа на меѓународни стандарди и домашна регулатива”.

Asset Publisher

Сподели

Целта на анализата е да им помогне на новинарите и медиумските работници, судиите, обвинителите, адвокатите и на Министерството за правда за имплементирање на меѓународните стандарди за заштита на новинарите во Кривичниот законик (КЗ).      

Со анализата се продолжуваат напорите на ЗНМ да ја подигне јавната свест за теми поврзани со безбедноста на новинарите и потенцијалната штета од воспоставената пракса на неказнивост на сторителите на дејствија насочени против новинарите и медиумските работници. Автори на публикацијата се Костадин Богданов, Иван Брешковски, Драган Секуловски.

Анализата ја нагласува важноста на КЗ, како и на Законот за кривична постапка (ЗКП) на Република Северна Македонија (РСМ) во зајакнување на безбедноста на новинарите и медиумските работници преку дадени коментари за постапувањето на органите на гонење без оглед дали тоа било Јавното обвинителство на РСМ, во случаите кога се постапува по пријавено кривично дело или кога постапуваат комисиите за прекршоци при  Министерството за внатрешни работи во услови кога се работи за пријавени прекршоци.

Публикацијата може да се преземе бесплатно на македонски и албански јазик.

Asset Publisher

Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher