Драги читатели,
пред вас е 70-тото издание на Политичка мисла, списание кое обработува политичко-општествени теми. Вреден јубилеј за периодика во македонскиот простор, чии содржини преку преку нет се видливи насекаде во светот – 23 години.
И во јубулејниот број ќе наидете на интересни содржини претседателот д-р Ѓорге Иванов дава одличен приказ на времето и македонското опшстево кога се роди идејата за Политичка мисла, тоа е надополнето од аголот на Германецот и Македонец Андреас Клајн.
Профeсорите Наумовски и Спасеновски, алумнисти на стипениската мрежа на КАС но и долгогодишни партнери говорејќи за тивкиот партнер на демократија фондацијата Конрад Аденуер се навраќаат на одржувањето на наследството на Аденауер на Балканот. Марко Трошановски преку описот на долготрајната и плодна соработка помеѓу ИДСЦС и КАС иуспева да даде приказ на палетата на активности на фондацијата во земјава и регионот. Министерот Андоновски од академска перспектива зборува за уставноправните аспекти на Дејтонскиот договор и улогата на фондацијата во обликување и поддршка на демократскиот политички развој на балканските општества.
Ви посакуваме пријатна лектира!