Asset Publisher

Политичка мисла

Политичка мисла

Политичка мисла е списание основано во 2002 година од страна на Канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Северна Македонија (KAS), заедно со Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје. Целта на списанието е да го поттикне и зајакне академскиот и општествениот дискурс за клучните политички процеси во Северна Македонија и регионот. Од своето прво издание, Политичка мисла се етаблираше како значаен форум за демократски вредности, толеранција и политички и општествен дијалог.

 

Од 2004 година, списанието се објавува двојазично – на македонски и англиски јазик, со што им се обраќа на поширока меѓународна публика. Денес, Политичка мисла излегува двапати годишно, а квалитетот на содржината  и тематскиот развој на публикацијата е поддржан од меѓународно составен уреднички одбор. Во однос на содржината, списанието не обработува исклучиво класични политички прашања, туку ги опфаќа и клучните општествени предизвици, вклучително и прашања поврзани со економскиот развој, актуелните безбедносни предизвици, енергетската ефикасност, како и заштитата на животната средина и климата. Преку овој интердисциплинарен пристап, Политичка мисла дава значаен придонес кон продлабочената анализа на политичките процеси и кон промовирање на информиран јавен дискурс на национално, регионално и европско ниво.

Asset Publisher

Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Sandra Koljackova

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
sandra.koljackova@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher