Asset Publisher

Публикација

Улогата на Католичката црква и Евангелско-методистичката црква:ставови и перцепции на граѓаните за екуменизмот

Фондацијата „Конрад Аденауер“ во соработка со Институтот за политички истражувања-Скопје и Интернет порталот Религија.мк, спроведоа ново истражување на јавното мислење, дел од проектот за анализа на перцепцијата на јавноста за улогата на религијата во мулти-религиски општества.

Asset Publisher

Сподели

Расте довербата на граѓаните во верските институции, покажува последното истражување на јавното мислење спроведено во рамки следењето на перцепцијата на граѓаните за религијата во мултирелигиски општества, како дел од проектот на Фондацијата „Конрад Аденауер“ (КАС) во блиска соработка со Институтот за политички истражувања-Скопје (ИПИС) и Интернет-порталот Религија.мк. Според последните резултати над 76% од испитаниците одговориле дека имаат доверба во верските организации во Северна Македонија, што е за 3% повисока доверба, во споредба со истражувањето од минатата година.

Во однос на религиската карта на државата таа и во 2026 година останува речиси непроменета, а религискиот барометар покажува дека 70% од граѓаните се припадници на Православната вера, 26% на Исламот, Атеисти се нешто под 2%, додека припадници на останатите вероисповеди се нешто над 1%. Високи 86% од испитаниците за себе велат дека се, или донекаде се религиозни, што и понатаму ја става земјата во една од најрелигиозните држави во Светот.

Последното истражување на јавното мислење, кое беше насловено „Улогата на Католичката црква и Евангелско-методистичката црква: ставови и перцепции на граѓаните за екуменизмот“, покажува дека помалите верски заедници во државата не се соочуваат со дискириминација, а граѓаните имаат релативно познавање за нивната улога во општеството. Релативно висок процент од граѓаните од православна и исламска вероисповед немаат проблем да комуницираат со припадници на Католичката или Евангелско-методистичката црква, односно постои релативно висок степен на меѓурелигиска и интрарелигиска толеранција. Граѓаните кои се припадници на Православната црква искажуваат поголема толерантност од муслиманите како во однос на меѓурелигиската, така и во однос на интрарелигиската толеранција. Мнозинство или 58.4% од испитаниците се изјасниле дека би прифатиле католик како дел од своето семејство, а 51.8% би прифатиле протестант како дел од своето семејство. Над 75% анкетирани имаат позитивен, или донекаде позитивен став кон припадниците на другите религии, што го прави високо-религиско толерантно македонското општетсво.

Што се однесува пак до соработката и довербата меѓу припадниците на една релисгиска припадност, а различна верска деноминација, македонските граѓани не препознаваат големи отстапувања. Православните верници и генерално граѓаните имаат позитивни, но и донекаде поделени мислења околу споделените заеднички вредности помеѓу Православната и Католичката, односно Евангелско-методистичката црква. Околу половина од испитаниците (49%) одговориле дека не им е познато колку се блиски или какви заеднички вредности споделуваат меѓусебе Католичката и Евангелско-методистичката црква. Најголемиот дел од православните христијани, иако можеби не се доволно запознаени со поимот екуменизам, го поддржуваат дијалогот и соработката помеѓу црквите и сметаат дека оваа соработка може да придонесе кон подобро разбирање и соживот во македонското општество. Над 68% анкетирани рекле дека не знаат што означува поимот куменизам, но од друга страна 54.2% испитаници во целост, или донекаде го поддржуваат дијалогот и спработката меѓу Православната, Католичката и Евангелско-методистичката црква. Високи 60% од испитаниците пак сметаат дека поголема соработка меѓу христијанските цркви може да придонесе за подобро разбирање и соживот во општеството.

Истражувањето на КАС, ИПИС и Религија.мк е спроведено на крајот на октомври 2026 година, на репрезентативен примерок од 1120 испитаници со маргинална грешка помеѓу +/-3% со 95% интервал на веродостојност.

Asset Publisher

Контакт Jakov Devčić
Jakov Devčić
Раководител на Канцеларијата за Србија и Црна Гора, вршител на должноста раководител на Канцеларијата за Северна Македонија и Косово, на Програмата за владеење на правото Југоисточна Европа
jakov.devcic@kas.de +381 11 4024-163 +381 11 4024-163
Контакт

Robert Janev

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
robert.janev@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher