Asset Publisher

Forum

5. Македонско-германски форум

30 години независност на Северна Македонија - улогата на Собранието во демократијата

На 24 септември, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за општествени истражувања – МК91 организираат хибриден настан 5. Македонски-германски форум “30 години независност на Северна Македонија - Улогата на Собранието во демократијата”.

Asset Publisher

Details

MK-DE Forum 2021

Форумот има за цел да поттикне дискусија за улогата на Собранието во демократијата во Република Северна Македонија како и за улогата на законодавниот дом во процесот на создавање на демократска и самостојна држава.

Почесни гости и говорници на 5. Македонско-германски форум ќе бидат Проф. Д-р. Норберт Ламерт, Претседател на Фондација Конрад Аденауер и поранешен Претседател на Германскиот Бундестаг (со обраќање преку видео-конференциска врска) и г-н Горан Мисовски, Потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија.

На панел дискусијата на тема “30 години независност - улогата на Собранието во демократијата” покрај пратениците од Собранието на Република Северна Македонија ќе земе учество и г-ѓа Марион Валсман, Пратеничка во Европскиот парламент / Потпретседателка на заедничкиот парламентарен комитет на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

Во рамки на 5. Македонско-германски форум ќе биде промовирана и анализата “30 години независност”.

На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на македонски, албански, германски и англиски.

Настанот ќе биде организиран во согласност со сите безбедносни протоколи за заштита од корона вирусот.

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Скопје
1000 Скопје
Северна Македонија

Локација

Referenten

  • Даниел Браун
    • Официјален претставник на Фондација Конрад Аденауер
  • Ото Граф
    • Заменик амбасадор и раководител на економскиот оддел на Амбасадата на СР Германија во Северна Македонија
  • Васко Наумовски
    • Претседател на Институтот за општествени истражувања - МК91 / Поранешен Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања
  • Марион Валсман
    • Пратеничка во Европскиот парламент / Потпретседателка на заедничкиот парламентарен комитет на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија
  • Александар Николоски
    • Пратеник / Претседател на Националниот совет за евроинтеграции
  • Арта Биљали-Зендели
    • Пратеничка / Заменик претседател на Комисијата за европски прашања
  • Дарко Каевски
    • Пратеник / Член на Националниот совет за евроинтеграции
  • Моника Зајкова
    • Пратеничка / Член на Комисијата за европски прашања
  • Јован Андоновски
    • Вонреден професор на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
  • Александар Спасеновски
    • Професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје

Publikation

5. Македонско-германски форум: 30 години независност на Северна Македонија - Улогата на Собранието во демократијата
Прочитај повеќе
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Sandra Koljackova

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

sandra.koljackova@kas.de +389 2 3217 075
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Partner

MK91 logo