Asset Publisher

Diskussion

Кинеското влијание врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки

Панел дискусија и промоција на публикација

Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА ќе промовираат заедничка публикација на тема “Кинеското влијание врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки“.

Asset Publisher

Details

Оваа студија го анализира влијанието од присуството и активностите на Кина врз процесот на интеграција на Западен Балкан во Европската Унија (ЕУ). Од Самитот во Солун во 2003 година, само Хрватска успеа да ѝ се приклучи на ЕУ, додека другите земји од регионот останаа кандидати за членство, со мали изгледи да станат членки до 2030 година. Истражувањето анализира како кинескиот пристап влијае на конкретни резултати, истовремено поддржувајќи и поткопувајќи го процесот на пристапување во ЕУ, поглавје по поглавје. Исто така, ги истражува причините за таквите резултати, вклучувајќи го кинескиот пристап, домашното постапување и геополитичките фактори. Целта е да се направи сеопфатна и меѓудржавна анализа на кинеското влијание во регионот и да се идентификуваат областите каде што земјите од Западен Балкан можат да ги елиминираат или минимизираат негативните последици или да ги искористат потенцијалните синергии, сè со цел да се разбере меѓусебното влијание помеѓу пристапот на Кина и процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Промоцијата во форма на панел дискусија ќе се одржи на 18 октомври во Министерството за надворешни работи со почеток во 11:00 часот.
Настанот ќе го отворат директорот на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденаур во Скопје Даниел Браун и Катерина Јакимовска од Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, а воведно излагање на темата ќе даде Државниот секретар при Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија Филип Тосевски.

Свое излагање на темата ќе имаат Ана Крстиновска од Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности  ЕСТИМА, Бледар Фета, истражувач при Хеленската фондација за европска и надворешна политика и Александра Станковиќ од Институтот за eвропски работи од Белград, кои се дел од авторскиот тим на публикацијата.

Дискутант на панел-дискусијата ќе биде и Давид Меркле од Одделот за европска и меѓународна соработка со земјите од Азија и Пацификот при Фондацијата Конрад Аденауер од Берлин, кој преку онлајн-врска ќе се осврне на перцепциите на ЕУ и Германија во однос на кинеското влијание на пристапниот процес на регионот Западен Балкан.

Работен јазик на настанот е англиски. 

За повеќе информации погледнете ја програмата од настанот. 

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Referenten

  • Филип Тосевски
    • Државен секретар при Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија
  • Давид Меркле
    • Одделот за европска и меѓународна соработка со земјите од Азија и Пацификот при Фондацијата Конрад Аденауер од Берлин
  • Ана Крстиновска
    • ЕСТИМА
  • Бледар Фета
    • Хеленска фондација за европска и надворешна политика
  • Александра Станковиќ
    • Институт за eвропски работи - Белград.
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075