Asset Publisher

Workshop
Ausgebucht

Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција

Обука

КАС во соработка со Правниот факултет „Јустинија Први“ на 6 септември 2022 година организира еднодневна обука наменета за администрацијата во општина Аеродром, како последна активност во рамки на проектот „Создавање европска општина: политика на интегритет за 0 корупција“.

Asset Publisher

Details

Creating a European Municipality: Integrity Policy for 0 Corruption

Проектот има за цел да придонесе за натамошно унапредување на интегритетот и на културата на законитост во општината.

Изминатите месеци, експерти од Правниот факултет спроведоа повеќеслојни истражувања на нормативните и на практичните аспекти на работата на општината Аердором кои резултираа со изработка на студија, како и прирачник во кој се содржани конкретни предлози за натамошно унапредување на транспарентноста и на отчетноста на оваа единица на локалната самоуправа.

Настанот ќе биде отворен од страна на Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и Тимчо Муцунски, Градоначалник на Општина Аеродром.

Обуката ќе биде реализирана од експертите од Правниот факултет Александар Спасеновски и Константин Битраков.

Фондацијата Конрад Аденауер, како во минатото, така и во иднина заедно со своите партнери продолжува со реализација на најширок спектар на активности во функција на унапредување на вкупните демократски состојби во државата.

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Skopje
1000
North Macedonia

Локација

Referenten

  • Александар Спасеновски
    • Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
  • Константин Битраков
    • Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Publikation

Создавање европска општина: Политика на интегритет за 0 корупција: Обука
Прочитај повеќе
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Partner

Faculty of Law - Skopje
Municipality of Aerodrom