Asset Publisher

Event
Ausgebucht

Меѓународна конференција „Европските вредности и безбедносните ризици во справување со мигрантската и бегалската криза“

Перспективата на граѓанското општество

Конференцијата ќе се одржи во Амфитеатарот на Министерството за надворешни работи.

Asset Publisher

Details

Претставништвото на Фондацијата Конрад Аденауер во Република Македонија во соработка со Европското движење во Република Македонија, Институтот за геостратешко истражување и надворешна политика при Министерство за надворешни работи во Република Македонија и Централно-Европската Иницијатива (ЦЕИ) - Трст, на 20 Септември 2016 година во Скопје организираат меѓународна конференција именувана: „Европските вредности и безбедносните ризици во справување со мигрантската и бегалската криза – Перспективата на граѓанското општество”.

Миграциската и бегалската криза со која се соочуваат европските и балканските земји отвара многу прашања кои се поврзани со социо-економскиот контекст, хуманитарните перспекиви, човековите права, солидарноста, безбедноста и други дилеми. Овие аспекти ќе бидат опфатени со темите што ќе се дискутираат од претставниците на Националните совети на европските движења, претставниците на организациите од граѓанското општество во земјите членки на Централно Европската Иницијатива, како и претставниците од три земји кои не се во корпусот на членки на ЦЕИ, но се сериозно засегнати од мигрантската криза, а тоа се: Германија, Грција и Турција. Исто така на оваа конференција се очекува учество на претставници од државни институции и меѓународни организации кои се инволвирани во процесот на следење на бегалците, како и претставници од академската фела и експерти.

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Министерство за надворешни работи, Скопје

Контакт

Johannes D. Rey

Johannes D. Rey (2020) kas

Leiter des Auslandsbüros Kasachstan

johannes.rey@kas.de +7 7172 92 50 31
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075