Asset Publisher

Seminar
Ausgebucht

Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци

Обука

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и канцелариите на Фондацијата Фридрих Еберт (FES) и Фондацијата Конрад Аденауер (KAS) во Скопје, организираат тридневна обука на тема „Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци“ што ќе се одржи од 23 до 25 септември 2022 година, во Охрид.

Asset Publisher

Details

Enhancing capacities of youth wings

Имплементацијата на оваа обука е тесно поврзана со мисијата и визијата на RYCO, усогласена со експертизата и целите на ФЕС и КАС, и има за цел да поттикне активна соработка меѓу младите како основа за понатамошен локален и регионален развој. Учесниците на обуката се  претставници од партиските подмладоци на политичките партии кои имаат претставник во Клубот за младински прашања и политики во Собранието.

За време на отворањето на обуката, поздравно обраќање ќе има Владимир Ѓорѓевски, Раководител на локалната канцеларија при Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO);  Рене Шле, Постојан претставник на Фондацијата Фридрих Еберт за Косово и Северна Македонија и Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија и Косово.  

Во текот на вториот ден од обуката, ќе се одржат три работилници под менторство на реномирани експерти од областа, и ќе опфатат модули поврзани со: онлајн комуникација, говор без омраза, основи на дебатирање, јавно говорење, како и за воената пропаганда и инфодемијата како закана и предизвик за локалната и регионалната безбедност.

Третиот ден од обуката ќе биде посветен на панел дискусија со членовите на Клубот за младински прашања и политики од Собранието, каде учесниците ќе се стекнат со директно искуство од младите пратеници околу темите поврзани со младинско учество и соработка во процесите на одлучување.

Клучни поуки од обуката:

Обука за онлајн комуникација и говор без омраза.

Основи на дебатирање и јавно говорење.

Воената пропаганда и инфодемијата како закана и предизвик за локалната и регионалната безбедност.

Работен јазик на обуката: англиски, македонски и албански со симултан превод.

 

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Ohrid

Локација

Publikation

Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци: Обука
Прочитај повеќе
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075