Asset Publisher

Seminar
Ausgebucht

Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци 2023

Обука

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и канцелариите на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) и Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во Скопје, ќе организираат тридневна обука на тема „Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци 2023“ која ќе се одржи од 09 – 11 јуни 2023 година во Охрид.

Asset Publisher

Details

Enhancing capacities of youth wings 2023
Enhancing capacities of youth wings 2023

Обуката „Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци 2023“ се организира втора година по ред и има за цел да ги зајакне капацитетите за практични вештини потребни за ефективно креирање политики на подмладоци на политичките партии.

Имплементацијата на оваа обука е тесно поврзана со мисијата и визијата на RYCO, усогласена со експертизата и целите на ФЕС и КАС на терен и има за цел да поттикне активна соработка меѓу младите како основа за понатамошен локален и регионален развој. Учесници на обуката ќе бидат претставници од подмладоците на политичките партии кои имаат пратеници во Клубот за младински прашања и политики на Собранието.

За време на отворањето на обуката, поздравно обраќање ќе има Шерифе Исмаили, Програмски офицер на локалната канцеларија при Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO); Ваљон Садики, Програмски координатор на Фондацијата Фридрих Еберт и Давор Пашоски, Програмски менаџер на Фондацијата Конрад Аденауер.

Тренинг сесиите опфаќаат модули за приоритети и препораки на подмладоците на политичките партии за подобрување на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики, заложби за подобра иднина на младите, улогата на медиумите и политичарите во создавањето на информирано гласачко тело, ефектот на домино и уништување на пазарот на квалитетни информации.

Понатаму, последниот ден од обуката ќе биде посветен на панел дискусија со претседателите и други претставници од највисоките раководства на  подмладоците на политичките партии, каде учесниците ќе имаат можност да разговараат за унапредување на политиките за младинско учество и меѓусебна соработка.

Работни јазици на обуката се македонски и албански со симултан превод.

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Ohrid

Локација

Referenten

  • Ивона Крстевска
    • Експерт за младински политики
  • Сашка Цветковска
    • Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ)
  • Маја Јовановска
    • ИРЛ
  • Деница Чадиковска
    • ИРЛ
  • Блажен Малески
    • Младински претставник во Управниот одбор на RYCO во Северна Македонија

Publikation

Зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци 2023: Обука
Прочитај повеќе
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075