Asset Publisher

Diskussion

Македонската модерна центар-десница и предизвиците поврзани со животната средина

Промоција на публикација и панел дискусија

Фондацијата Конрад Аденауер организираа панел дискусија за промоција на публикацијата со наслов “Македонската модерна центар-десница и предизвиците поврзани со животната средина” во авторство на д-р Даме Димитровски, Дејан Димитриев и Радован Спиридонов.

Asset Publisher

Details

Европскиот зелен договор, одобрен од Европската комисија, е збир на политички иницијативи планирани да го разгледаат и усогласат постојното законодавство, а исто така да воведат законодавство за циркуларна економија, реновирање згради, биодиверзитет, земјоделство и за олеснување на технолошките иновации.

Публикацијата дава приказ на состојбата и потенцијалот на македонското општество во однос на  многубројните предизвици поврзани со заштитата на животната средина и климата, предлагајќи соодветни мерки и политики со цел справување со овие прашања. Во оваа насока  можеме да препознаеме позитивни движења во македонското општество. Младите се заинтересирани за пристап заснован на наука во однос на климатската криза. Политичките актери од десниот центар треба да соработуваат со младинските граѓански организации и да ѝ дадат авторитетен глас на академската заедница и експертите, и со тоа да изградат форум кој би можел да обезбеди наука и факти.

Публикацијата ќе биде промовирана во рамки на панел дискусија која ќе се одржи на 23 февруари 2023 во просториите на Општина Бутел со почеток во 12:00 часот.

Настанот ќе го отворат официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер Даниел Браун и Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, а свои излагања на темата покрај авторите на публикацијата ќе имаат и пратеничките Гордана Сиљановска-Давкова и Рашела Мизрахи.

Работен јазик на настанот е македонски.

За повеќе информации погледнете ја програмата од настанот. 

На почеток

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075