Asset Publisher

Конференција

Стратегиските приоритети на НАТО, ЕУ и Југоисточна Европа во мултиполарниот меѓународен поредок

Регионална конференција

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и поддршка на нашата сестринска фондација од Брисел, Центарот за Европски студии Вилфрид Мартенс организира регионална конференција со наслов „Стратегиските приоритети на НАТО, ЕУ и Југоисточна Европа во мултиполарниот меѓународен поредок”.

Asset Publisher

Сподели

Детали

Настанот ќе се одржи на 26 ноември во големиот амфитеатар на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со почеток во 11:00 часот.

Иницијативата ќе собере на едно место високи државни чинители и експерти од областа на  безбедноста и меѓународните односи од земјата, регионот како и ЕУ, кои заеднички ќе дискутираат за актуелните безбедносни предизвици кои ги засегаат НАТО, Европската Унија и регионот, земајќи ги во предвид неизвесните и сè подинамични геополитички предизвици.

Со свое воведно обраќање на темата, настанот ќе го отвори Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а учество со свои излагања во рамки на конференцијата ќе имаат Заменик генералниот секретар на НАТО Радмила Шеќеринска (видео обраќање), Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија Ангела Агелер, Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија Петра Дрекслер, Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија и пратеник Антонио Милошоски и Пратеничката во Парламентот на Република Хрватска Здравка Бушиќ.

Во оваа прилика пред пошироката јавност ќе ја промовираме и нашата најнова публикација со наслов „Низ мултиполарните води: Југоисточна Европа и стратегијата на ЕУ за Кина“.

Клучните поенти од публикацијата ќе ги презентира една од авторите Ана Крстиновска од Асоцијацијата за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности- ЕСТИМА.

По презентацијата на истражувањето, осврт на темата ќе дадат: Давор Иво Штиер (видео обраќање), Пратеник во Европскиот парламент; Томас Јошимура, политички советник за Азија и Пацифик (Кина) при централата на Фондацијата Конрад Аденауер во Берлин; Константинос Симонис, Доцент при Универзитетот Пантеон во Атина и раководител на IDIS China програмата; и Анастас Вангели, Доцент на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот во Љубљана.

*Публикацијата која е издание на Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс и ЕСТИМА, ја анализира позицијата на земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) во однос на Кина со оглед на динамиката на глобалните геополитички промени. Истражувањето ја поткрепува тезата дека домашната политика, регионалната динамика и глобалните поместувања значително влијаат врз позиционирањето на овие земји кон Пекинг и нивното усогласување со Европската Унија (ЕУ). Иако повеќето држави од ЈИЕ формално остануваат посветени на евроатлантските интеграции, забележливи се значителни разлики во нивниот пристап кон Кина — од прагматична претпазливост до активна стратешка усогласеност.*

Работни јазици на настанот се македонски и англиски, со обезбеден симултан превод.

Агендата за настанот може да ја преземете тука.

Доколку сте заинтересирани да присуствувате на настанот потребно е да се пријавите на e-mail: skopje@kas.de или на телефон 02 3217 075. ­­­­­­

Asset Publisher

Внеси во календар
Контакт Daniel Braun
Daniel Braun
Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово
daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien
Програмски менаџер
daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher